СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51) од Тетово, вработени во Итната медицинска помош при ЈЗУ Тетово, поради сомнение за неукажување медицинска помош, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 29 јуни 2026 година, првопријавената примила телефонска пријава во Итната медицинска помош во Тетово, но не испратила медицинска екипа за да му укаже помош на повредено лице во селото Доброште.
За случајот го известила и второпријавениот, кој бил раководител.








