Лука Никулеску е избран за нов премиер на Романија, со што се стави крај на шестмесечниот политички застој во земјата. Никулеску доби поддршка од 280 пратеници, објави „Ројтерс“.
Никулеску, независен политичар и поранешен новинар и дипломат, ќе ја предводи малцинската влада составена од претставници на левицата и независни министри.
За премиер беше номиниран од претседателот Никушор Дан, во четвртиот обид за формирање влада по распадот на широката проевропска коалиција на почетокот на мај.
И покрај парламентарната поддршка, новиот премиер се соочува со сериозни економски предизвици. Романија има еден од најголемите буџетски дефицити во Европската Унија, а економијата бележи пад.
Никулеску ќе мора да работи на намалување на јавните расходи, укинување на дополнителниот данок на промет за компаниите и зголемување на пензиите, кои се замрзнати веќе две години поради недостиг на средства.







