Агент на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) застрелал и ранил маж за време на операција за негово апсење во њујоршката населба Марбл Хил. Во автомобилот се наоѓало и петгодишно дете, кое не било повредено.
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, остро го осуди инцидентот и побара федералните власти да ги прекинат операциите на ИЦЕ во градот. Тој разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и со министерот за внатрешна безбедност Марквејн Мулин, но разговорите не донеле резултат.
Случајот предизвика протести во близина на местото на пукањето и пред болницата во која бил пренесен ранетиот маж. Дел од демонстрациите прераснаа во судири со полицијата, при што биле приведени неколку лица.
Американското Министерство за внатрешна безбедност соопшти дека операцијата била насочена кон приведување лице со претходно криминално досие. Локалните власти побараа целосно расветлување на случајот и објавување на снимките од телесните камери на агентите.








