AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Јаневска ги повика учениците да побараат братче или сестричка во семејството

Јаневска ги повика учениците да побараат братче или сестричка во семејството

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 1, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Mинистерката за образование и наука Весна Јаневска, ги повика учениците да си побараат братче или сестриче со цел да се смени поразителната демографска статистика во државата, со оглед дека денеска има 433 паралелки помалку во основно и во средно, како и 148 затворени подрачни и регионални училишта.

„Ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ако продолжиме вака, постојано ќе затвораме училишта. Ние пред три години направивме сликовница за прво, второ и трето одделение што се вика „Јас, мама, тато, дада и бато“. Оттука порака за првачињата: освен тоа што ќе побараат да стекнат знаење, можеби треба да побараат да стекнат и братче и сестриче, за да можеме повторно овие привремено затворени училишта, во иднина да ги отвораме“, порача Јаневска од ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел.

Според неа, јасно е дека демографскиот проблем нема да се реши со сликовница но рече, населението треба да биде свесно колку човечкиот капитал е значаен за нив самите првенствено, за нивниот живот и секако за нивната држава.

Демографскиот пад е главната причина за намалувањето на бројот на ученици и затворањето на дел од училиштата во земјава, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на почетокот на новата учебна година.

Според податоците што ги изнесе Мицкоски, во 2025 година во Македонија се родиле околу 15.650 деца, додека во годините пред пандемијата бројката се движела меѓу 22.000 и 23.000 новородени годишно.

„Станува збор за 7.000 до 8.000 деца помалку во рок од седум-осум години“, рече Мицкоски.

Тој направи споредба според која таквото намалување, доколку се пресметаат по 20 ученици во паралелка, би значело околу 350 паралелки помалку, односно капацитет што одговара на приближно 70 училишта со по пет паралелки.

Премиерот оцени дека демографијата учествува со околу 90 проценти во проблемот со намалувањето на бројот на ученици, а како дополнителен фактор го посочи и иселувањето.

Мицкоски кажа дека Владата ќе се обиде да го стабилизира падот на бројот на населението, а потоа да создаде услови за негово зголемување, оценувајќи дека со слични демографски предизвици се соочуваат и други европски земји.

Оваа учебна година е посиромашна за 433 паралелки, од кои 222 во основно и 211 во средно образование откако Министерството за образование реши да ги спои малите паралелки во една поголема.

Вкупната бројка на празни училишни објекти во Македонија, претежно во руралните средини е 148. Негативниот тренд, поттикнува и реорганизација на училишната мрежа и работата на училиштата.

Tags: демографијаЈаневскамицкоскисемејствоученици
SummarizeShare234

Related Stories

Фон дер Лајен во Скопје, посебен сообраќаен режим во централното подрачје

Фон дер Лајен во Скопје, посебен сообраќаен режим во централното подрачје

by ДЕСК коректив.мк
October 2, 2026
0

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска престојува во официјална посета на Северна Македонија, во рамки на нејзината регионална турнеја низ Западен Балкан. Во Скопје Фон...

Судење Кочани: Обвинителството бара да не се прифати гаранцијата на Дејан Јованов

Судење Кочани: Обвинителството бара да не се прифати гаранцијата на Дејан Јованов

by ДЕСК коректив.мк
October 2, 2026
0

Обвинителството побара од Кривичниот суд да ја одбие гаранцијата од 195.820 евра што ја понуди Дејан Јованов-Деко, првообвинет во предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Гаранцијата,...

Кочани доби нов дом на спортот – Mozzart го отвори теренот „Андреј Лазаров“

Кочани доби нов дом на спортот – Mozzart го отвори теренот „Андреј Лазаров“

by ДЕСК коректив.мк
October 2, 2026
0

Фудбалот е повеќе од игра – тоа е емоција, тоа е сила што ги зближува луѓето и создава иднина полна со надеж. Со отворањето на петтиот мини пич...

Јаневска и Мицкоски со порака до студентите: Знаењето да биде основа за иднината, младите да ја градат дома

Јаневска и Мицкоски со порака до студентите: Знаењето да биде основа за иднината, младите да ја градат дома

by ДЕСК коректив.мк
October 1, 2026
0

Нова академска година започна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со пораки до новата генерација студенти да го искористат периодот на студирање за стекнување знаења, вештини...

Next Post
Фон дер Лајен во Скопје, посебен сообраќаен режим во централното подрачје

Фон дер Лајен во Скопје, посебен сообраќаен режим во централното подрачје

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

September 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.