Платите на наставниците повторно ќе се плаќај во март, како што тоа е предвидено согласно методологијата, изјави денеска Министерката за образование и наука Весна Јаневска, осврнувајќи се на договореното со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).
Тоа е сигурно и во согласност со договореното со СОНК“, изјави таа одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во скопски Аеродром.
Според неа, наставниците немаат причина да стравуваат за своите примања бидејќи тие, како што рече, ќе продолжат да се зголемуваат секоја година.
„Претходно имапше потпишувања спогодби, договори, ќе има, ќе нема. Имавме и штрајк. Во овој случај тие се безбедни, не треба да мислат на платите, тие ќе се покачуваат секоја година. В година во март повторно ќе бидат покачени платите на наставниците“, додаде Јаневска.
Изјавата за зголемување на платите на наставниците во март, доаѓа во пресрет на самиот почеток на учебната година, чиј старт беше означен вчера, со речиси 5.000 првачиња помалку.









