AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Централната банка на Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата на компанијата „Алта пеј груп“

Централната банка на Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата на компанијата „Алта пеј груп“

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Советот на Централната банка на Црна Гора донесе одлука за одземање на одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ од Подгорица, откако беше утврдено дека таа повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност.

Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена во согласност со црногорскиот Закон за платен промет, врз основа на сеопфатна процена на исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите што се однесуваат на соодветноста на имателот на квалификувано учество и на обезбедувањето стабилно, сигурно и законито работење на платежната институција.

Алта банка од утре привремено ги затвора експозитурите за клиенти

Централната банка на Црна Гора истакна дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту влијае врз редовното функционирање на платниот систем. Како што е наведено, „Алта пеј груп“ не е банка, не прима депозити од граѓаните и стопанството и нема влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка на Црна Гора, како што се истакнува, навремено ги презела сите активности од својата надлежност за, во контекст на актуелните настани, да се обезбеди уредно исполнување на обврските на оваа платежна институција и да се заштитат интересите на корисниците.

Народната банка на Северна Македонија воведе привремена управа во „Алта банка“ АД Битола и им го ограничи подигнувањето средства на клиентите на оваа банка на најмногу 10.000 денари, односно околу 160 евра неделно.

Народната банка воведе администрација во Алта банка, граѓаните ќе можат да подигнат до 10.000 денари неделно

Народната банка на Србија на 30 октомври ѝ ја одзеде дозволата за работа на „Алта банка“ АД Белград, а управувањето со неа ѝ го пренесе на Агенцијата за осигурување депозити.

„Алта банка“ во саботата соопшти дека, во согласност со важечките законски прописи и одлуките на надлежните регулаторни органи, над банката е поведена стечајна постапка.

 

Tags: Алта банкаплатежни услугиЦрна Гора
SummarizeShare234

Related Stories

Алта банка остана без лиценца, а за нејзиниот сопственик Давор Мацура се бара воведување на американски санкции

Алта банка остана без лиценца, а за нејзиниот сопственик Давор Мацура се бара воведување на американски санкции

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Народната банка на Србија (НБС) соопшти дека ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка а.д. Београд, како и дека Агенцијата за осигурување на депозити со решение...

Втора годишнина од паѓањето на надстрешницата: „Трагедија не е зборот што соодветно го опишува она што се случи во Нови Сад”

Втора годишнина од паѓањето на надстрешницата: „Трагедија не е зборот што соодветно го опишува она што се случи во Нови Сад”

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Комеморативниот собир во Нови Сад, по повод втората годишнина од загинувањето на 16 лица при паѓањето на надстрешницата на Железничката станица во тој град, заврши во недела откако...

Бугарија избира претседател: Јотова и Ѓуров во решавачка битка за функцијата

Бугарија избира претседател: Јотова и Ѓуров во решавачка битка за функцијата

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Граѓаните на Бугарија денеска гласаат во вториот круг од претседателските избори, кои се одржуваат во сенка на безбедносните закани во регионот и економските грижи во земјата. Во вториот...

Нови такси на ЕУ за купување преку кинеските платформи

Нови такси на ЕУ за купување преку кинеските платформи

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Од денеска, 1 ноември, Европската Унија воведува нов надомест за обработка од две евра за секој производ во меѓународните пратки. Оваа такса се надоврзува на царинската давачка од...

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.