Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска престојува во официјална посета на Северна Македонија, во рамки на нејзината регионална турнеја низ Западен Балкан.
Во Скопје Фон дер Лајен ќе оствари средби со државниот врв. Предвидена е средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе следува работен ручек со членови на Владата, како и прес-конференција.
Посетата е посветена на европската интеграција на земјата, реформскиот процес и следните чекори кон членство во Европската Унија.
Поради официјалната посета, денеска во Скопје е воспоставен посебен режим на сообраќај. СВР Скопје, преку Единицата за безбедност на патниот сообраќај, презема мерки за регулирање на движењето по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на градот.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ги даваат униформираните полициски службеници.
Фон дер Лајен во петок во Скопје: ЕУ-интеграциите и реформите во фокусот на разговорите









