Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување е уапсен во полициска акција спроведена во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за примање поткуп, објави 4News.
Според информациите на медиумот, осомничениот наводно барал пари за да издаде позитивно мислење што е потребно за изградба на објект.
Засега не се објавени информации за износот што наводно бил побаран, ниту за други околности поврзани со случајот. По завршувањето на полициските активности се очекува надлежните институции да излезат со официјални информации.








