Дваесет и двегодишен жител на тетовското село Мала Речица е приведен под сомнение дека со компјутерска измама одреден период користел паркинг-услуги во Тетово без да плати.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Е.Ш. бил приведен на 13 октомври, околу 20:15 часот, од полициски службеници на СВР Тетово.
Тој се сомничи за кривично дело „компјутерска измама“ според член 251-б од Кривичниот законик.
Осомничениот е задржан во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.








