Според најновата одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 3 денари, па литар бензин ќе чини 97 денари. За исто толку поскапува и ЕУРОСУПЕР БС-98, чија нова цена ќе изнесува 99 денари за литар, информираа денеска од Регулаторната комисија.
Со новите поскапувања најголем ценовен удар има кај дизелот, па така -ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 6 денари, со што новата максимална малопродажна цена ќе изнесува 101 денар за литар.
Значително поскапување има и кај горивото за домаќинствата.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 8 денари за литар, па новата цена ќе достигне 105 денари за литар.
Кај мазутот М-1 НС зголемувањето изнесува 1,591 денар за килограм, со што новата малопродажна цена ќе биде 46,001 денар за килограм.
Нови цени од ноќеска:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 97 ден/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 99 ден/литар
ЕУРОДИЗЕЛ – 101 ден/литар
ЕЛ-1 – 105 ден/литар
Мазут М-1 НС – 46,001 ден/кг










