AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Судењето за Државна лотарија доби нов термин по апсењето на Перпарим Бајрами

Кривичен суд Скопје

Продолжува судењето за „Државна лотарија“, на обвинителна клупа и Перпарим Бајрами

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 18, 2026
in Хроника
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, во кој осум лица се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со набавката на видеолотариски терминали.

На денешното рочиште во судницата за првпат ќе се појави и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами. Тој до неодамна беше недостапен за органите на прогонот и му се судеше во отсуство, но на 9 септември се предаде на полицијата откако пеш ја премина границата кај Блаце. По неговото приведување, Бајрами беше спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Падот на Перпарим Бајрами – хронологија на аферите во Државна лотарија

Со неговото појавување во судницата, процесот продолжува со сите осум обвинети. Меѓу нив се и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски, како и уште петмина поранешни членови на Надзорниот одбор на „Државна лотарија“.

Обвинението се однесува на одлуки донесени во 2023 и 2024 година за самостојно приредување електронски игри на среќа и набавка на видеолотариски терминали. Според Обвинителството, „Државна лотарија“ немала право самостојно да организира вакви игри, бидејќи тоа право уште во 2013 година било вложено како непаричен влог во заедничкото друштво со „Касинос Аустрија“, во кое Лотаријата има 51 отсто од сопственоста.

И покрај тоа, според обвинението, биле преземени активности за набавка на видеолотариски терминали, а склучените договори биле во вредност од повеќе од 500 милиони денари. Обвинителството тврди дека со постапките на „Државна лотарија“ ѝ била нанесена штета од околу 8,2 милиони евра.

Судењето започна во август, но досегашниот тек беше проследен со одложувања, меѓу другото и заради увид на одбраната во доказниот материјал. На почетокот на постапката обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Tags: Артан ГрубиДржавна лотаријаигри на среќакриминалПерпарим Бајрамипроневерасудење
SummarizeShare234

Related Stories

Македонија дел од мрежа за инвестициски измами, кол-центри мамеле граѓани во најмалку 50 земји

Македонија дел од мрежа за инвестициски измами, кол-центри мамеле граѓани во најмалку 50 земји

by ДЕСК коректив.мк
November 3, 2026
0

Македонија е меѓу земјите во кои биле идентификувани осомничени кол-центри поврзани со меѓународна мрежа за инвестициски измами, чии потенцијални жртви се наоѓаат во најмалку 50 земји. Во акцијата...

Приведен виш јавен обвинител од Битола – влијаел врз обвинители и судии во најмалку четири предмети

Сексуално вознемирувал мигрантка, а колешка украла накит и пари од нејзината мајка, кривични пријави за двајца полицајци

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

Двајца полициски службеници од Прифатниот центар за странци добија кривични пријави, едниот за тешка кражба, а другиот за полово вознемирување на жена сместена во центарот, информира Министерството за...

Две години од падот на надстрешницата во Нови Сад – трагедијата сè уште без судска завршница

Две години од падот на надстрешницата во Нови Сад – трагедијата сè уште без судска завршница

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Две години по уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица, судењето за одговорните сè уште не е започнато и покрај трите...

Стојна Димитровска повторно заврши во полициска станица, сакала да наплати влезници во Куклица

Стојна Димитровска повторно заврши во полициска станица, сакала да наплати влезници во Куклица

by ДЕСК коректив.мк
October 28, 2026
0

Стојна Димитровска повторно е приведена по инцидент во локалитетот „Камени кукли“ во Кратово. Полицијата ја лишила од слобода вчера во 11:30 часот, по пријава дека се обидела да...

Next Post
Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.