Посетителите на музичкиот настан што ќе се одржи денеска на 8 септември на Националната арена „Тодор Проески“ треба да сметаат на отежнато движење во околината на објектот.
Поради концертот, кој започнува во 19 часот, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“.
Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се овозможи безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено движење на останатите учесници во сообраќајот.
На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од градот им се препорачува однапред да ја планираат рутата и да остават дополнително време за патување.
Возачите се повикуваат да ги следат насоките од полициските службеници на терен, да ја почитуваат поставената сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение додека траат мерките.









