Нов смртен случај од западнонилска треска е потврден во Македонија, информираше министерот за здравство, Сашко Клековски. Станува збор за 66-годишен пациент, кој всушност е седмата жртва на вирусот во земјава.
Министерот кажа дека починатиот пациент е од Општина Гази Баба, Општина каде е прогласена епидемија од западнонилска треска, а пациентот бил хоспитализиран 38 дена.
Вкупниот број на хоспитализирани во моментот во земјава е 19, а има и еден нов сомнителен случај од Радишани.
Клековски кажа дека последните неколку нови случаи се од Скопје Север.
Министерот кажа дека според најголемата студија во Америка спроведена на над 3.000 случаи, стапката на заболување со невроинвазивната форма и смртноста е поголема кај мажите.










