Цариниците откриле непријавена стока вредна околу 149.000 денари при два обиди за шверц на 470 производи проверки на патнички возила што влегувале во земјава преку Ќафасан и Меџитлија.
Во едниот случај пронашле 352 парчиња козметика и средства за лична хигиена, а во другиот козметика и додатоци во исхраната од марката „Nicer“.
Царинската управа соопшти дека стоката е одземена и дека против лицата се преземени соодветни постапки.








