AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
ЛДП: м.Услуги само за пред камери, циркус ПР

ЛДП: м.Услуги само за пред камери, циркус ПР

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 30, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја критикуваше Владата по промоцијата на апликацијата „м.Услуги“, обвинувајќи ја дека наместо вистинска дигитална трансформација, на граѓаните им нуди уште еден ПР-проект, без јасно дефинирана практична примена.

Дигиталната лична карта нема да важи при полициска контрола, граѓаните мора да ги носат и физичките документи

Од партијата реагираат дека новата апликација, преку која се достапни дигитална лична карта и возачка дозвола, предизвика забуна уште на самиот почеток, откако беше објавено дека овие документи засега нема да можат да се користат при полициска контрола. Граѓаните и понатаму ќе мора да ги носат физичките документи, бидејќи институциите немаат целосно приспособени системи за нивна проверка.

Од ЛДП оценуваат дека ваквиот пристап ја доведува во прашање целта на најавената дигитализација и бараат одговорност за, како што велат, несериозното претставување на новите услуги пред јавноста.

Партијата реагира и на паралелната иницијатива на владејачкото мнозинство за трансформација на работниот однос на дел од лицата ангажирани со договори на дело во јавната администрација. Според нив, додека Владата промовира намалување на бирократијата и дигитални услуги, истовремено отвора пат за дополнително зголемување на бројот на вработени во државните институции.

Од ЛДП прашуваат колку ќе ги чини граѓаните ваквата политика и дали дигитализацијата навистина ќе придонесе за поефикасна администрација или ќе остане само дел од владиниот маркетинг.

Претходно, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски објасни дека за дигиталните лични карти и возачките дозволи да бидат прифатени при полициска контрола, потребни се законски измени, промени во подзаконските акти и техничко приспособување на системите на институциите.

Апликацијата „м.Услуги“ е достапна за мобилните телефони и овозможува пристап до дигитални лични документи и одредени електронски услуги. Нејзиното користење е бесплатно и доброволно, а Владата најавува постепено проширување на функционалностите.

Tags: Владавозачка дозволадигитализацијалична картам услугиПРСтефан Андоновскициркус
SummarizeShare234

Related Stories

Вода тече од таваните во „Стив Наумов“, Јаневска отиде во обиколка за да увери дека „не тече никаде“

Вода тече од таваните во „Стив Наумов“, Јаневска отиде во обиколка за да увери дека „не тече никаде“

by ДЕСК коректив.мк
October 30, 2026
0

Додека студенти од реновираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје објавуваа видеа од соби во кои протекува вода и се жалеа на бучава од радијаторијте, министерката за образование...

Бајрами го нарекувал Груби „шефот“, сведок на обвинителството зборуваше за нивните односи

Бајрами го нарекувал Груби „шефот“, сведок на обвинителството зборуваше за нивните односи

by ДЕСК коректив.мк
October 30, 2026
0

Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и поранешниот вицепремиер Артан Груби имале блиски, пријателски односи, а Бајрами го нарекувал Груби „шефот“. Ова го изјави сведокот на Обвинителството,...

„Сам одлучив“ – обвинетиот за палењето на бугарските возила призна вина

„Сам одлучив“ – обвинетиот за палењето на бугарските возила призна вина

by ДЕСК коректив.мк
October 30, 2026
0

Обвинетиот за палењето на двете дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје ја призна вината на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд. Тој пред судот потврдил...

Мицкоски најавува промени во пензискиот систем: Граѓаните сами ќе одлучуваат дали ќе штедат во вториот столб

Мицкоски најавува промени во пензискиот систем: Граѓаните сами ќе одлучуваат дали ќе штедат во вториот столб

by ДЕСК коректив.мк
October 30, 2026
0

Мицкоски размислува за промена на вториот пензиски столб: Граѓаните сами ќе избираат каде ќе ги уплаќаат придонесите Владата разгледува неколку можни сценарија за промена на вториот пензиски столб,...

Next Post
Од 1 мај директна авиолинија Скопје – Тиват, летови двапати неделно

Од 1 мај директна авиолинија Скопје – Тиват, летови двапати неделно

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.