Директната авиоврска меѓу Скопје и Тиват ќе биде воспоставена од 1 мај, а во почетната фаза летовите ќе се реализираат двапати неделно.
Новата линија, како што изјави министерот за транспорт, Александар Николоски, се очекува да ја олесни поврзаноста меѓу Македонија и Црна Гора, но и да придонесе за поголема размена на туристи и развој на деловните контакти меѓу двете земји.
Николоски, информираше дека воспоставувањето на линијата е резултат на разговорите што ги имале македонските и црногорските претставници при неодамнешната посета на Црна Гора.
Според него, новата авиоврска треба да донесе придобивки не само во авиосообраќајот, туку и во туризмот и економската соработка.







