AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да останат во Армијата до пензија

Фото: Министерство за одбрана

Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да останат во Армијата до пензија

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 20, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Професионалните војници кои ќе наполнат 45 години ќе можат да продолжат да работат во Армијата како цивилни лица, со трансформација на работниот однос од определено на неопределено време. Одлуката е донесена на денешната владина седница, соопшти министерот за одбрана Владо Мисајловски на прес-конференција со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, и претставници на синдикалните здруженија во одбраната.

Мисајловски истакна дека со новото решение професионалните војници ќе добијат можност да останат во Армијата сè до исполнувањето на условите за старосна пензија.

„Со оваа реформа правиме решение секој еден војник да може да остане како цивилно лице во Армијата сè додека не наполни години за старосна пензија. Војниците конечно заслужено ќе можат да бидат задоволни и сигурни и по својата 45. година“, изјави министерот.

Тој посочи дека и понатаму остануваат можностите за исплата на отпремнина и трансфер во други институции, но дека со реформата се отвора дополнителна опција за продолжување на работниот ангажман во Армијата.

Според началникот на Генералштабот, Сашко Лафчиски, станува збор за значајно решение за професионалните војници, со оглед на тоа што прашањето за нивниот статус по навршувањето на 45 години се разгледува повеќе од 15 години.

Лафчиски објасни дека професионалните војници кои ќе ја достигнат оваа возраст ќе бидат распоредени во единици во кои ќе ги извршуваат обврските за обезбедување на гарнизоните, касарните и имотот на Армијата.

Мисајловски најави и дека во разговор со министерката за финансии е постигнат договор за потпишување колективен договор и зголемување на платите во Армијата.

Tags: армијавојниципензија
SummarizeShare234

Related Stories

Растат цените на горивата – Дизелот од полноќ над 100 денари

До 2 ноември продолжена мерката за намалено ДДВ и пониска акциза за горивата

by ДЕСК коректив.мк
October 20, 2026
0

Владата ја продолжи мерката за намалување ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти, како и мерката за намалување на акцизата за горивата, до 2 ноември 2026 година....

Кривична против Јани Макрадули за штета во „Пошта“од речиси 11 милиони денари, СДСМ обвинува за политички прогон

Кривична против Јани Макрадули за штета во „Пошта“од речиси 11 милиони денари, СДСМ обвинува за политички прогон

by ДЕСК коректив.мк
October 20, 2026
0

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта“, Јани Макрадули, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Од СДСМ реагираат...

Обвинителство испитува дали некој влијаел врз сведокот за „Државна лотарија“, Груби ги повика поранешните министри во судница

Обвинителство испитува дали некој влијаел врз сведокот за „Државна лотарија“, Груби ги повика поранешните министри во судница

by ДЕСК коректив.мк
October 20, 2026
0

Обвинителството испитува дали некој влијаел врз првиот сведок во случајот „Државна лотарија“, кој го сменил претходно дадениот исказ и на судењето сведочел во корист на одбраната, соопшти јавниот...

Ревизија на Државна лотарија: спорни милионски вложувања и договори за игри на среќа до 15 години

Ревизија на Државна лотарија: спорни милионски вложувања и договори за игри на среќа до 15 години

by ДЕСК коректив.мк
October 20, 2026
0

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни неправилности во работењето на пет друштва за игри на среќа во кои Државна лотарија има 51 отсто сопственички удел. Ревизијата се однесува...

Next Post
Растат цените на горивата – Дизелот од полноќ над 100 денари

До 2 ноември продолжена мерката за намалено ДДВ и пониска акциза за горивата

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.