Протестите поради растечките трошоци за живот, високите кирии и социјалната нееднаквост се проширија низ повеќе европски земји. По демонстрациите во Шпанија и Франција, незадоволството се прелеа во Италија и Португалија, додека во Албанија протестите против владата ескалираа во насилни судири со полицијата, пишува Гардијан.
Во Милано, протестниот марш во саботата, организиран поради зголемувањето на трошоците за живот, започнал мирно, но подоцна ескалираше во судири со полицијата. Според „Гардијан“, маскирани демонстранти фрлале камења и други предмети кон полицијата, а поставиле и барикади од маси и столици. Полицијата употребила водени топови и солзавец за да ја растера толпата.
BREAKING:
Milan, Italy right now, chaos caused by protesters. https://t.co/icNtvcWd8C
— Globe Eye News (@GlobeEyeNews) October 18, 2026
Според новинската агенција „Ла Прес“, во инцидентите биле повредени најмалку двајца полицајци, а околу 50 демонстранти биле приведени, меѓу кои и малолетници.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони порача дека правото на протест е загарантирано, но дека насилството и уништувањето на јавниот имот не се прифатливи. Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, оцени дека причините за протестите се разбирливи, но дека нападите врз полицијата и штетата врз градот не можат да се оправдаат.
Шаторски кампови поради кризата со домувањето во Португалија
Во Лисабон, стотици демонстранти го поминаа викендот на плоштадот Росио, каде што поставија шатори во знак на протест против растечките цени на недвижностите и скапите кирии. Кампот следува по слична акција во Мадрид, а протестното движење започна да се шири и во португалскиот град Порто.
Демонстрантите бараат мерки за подостапно домување, подобри јавни услуги, повисоки плати и пензии. Тие ја критикуваат владината политика кон пазарот на недвижности, оценувајќи дека станарите се сè помалку заштитени, додека сопствениците имаат сè поголеми права.
Официјалните податоци покажуваат дека цените на куќите во Португалија се зголемиле за 124 проценти меѓу 2015 и 2024 година, што е приближно двојно повеќе од просекот во Европската Унија. Кризата особено ги погодува младите и жителите на Лисабон, каде што живее околу една четвртина од населението на земјата.
Португалскиот премиер Луис Монтенегро изјави дека ја разбира потребата граѓаните да го изразат незадоволството од јавните политики, но ги предупреди политичките ривали да не создаваат атмосфера на нестабилност по примерот на Франција.
Насилни судири и во Албанија
Во Албанија, антивладините протести продолжија поради незадоволството од состојбите на универзитетите и високите школарини, при што демонстрантите побараа оставка од премиерот Еди Рама.
Во саботата, според извештаите, демонстрантите фрлале молотови коктели, метални предмети и пиротехнички средства кон полицијата, а запалиле и автомобили и канти за ѓубре. Полицијата употребила гумени куршуми, а повеќе објекти, меѓу кои суд, банки и пошта, биле запалени или сериозно оштетени.
Запален влезот на МВР во Тирана, Рама предупредува за европскиот пат на Албанија
Немирите се надоврзуваат на повеќемесечните антивладини протести во земјата, кои првично беа поттикнати од контроверзен проект за туристички комплекс поврзан со семејството на американскиот претседател Доналд Трамп.
All of this is happening just so Edi Rama can stay Prime Minister of a corrupt regime. It is him against the people. #Albania https://t.co/B8cKwGcSm9
— Tirana Report (@Tirana_Report) October 18, 2026
Протести и во Шпанија и Франција
Во Шпанија, незадоволството поради растечките кирии и социјалната нееднаквост се засили по случајот со 87-годишната Марија дел Кармен Абаскал, која била принудена да го напушти домот бидејќи не можела да го плати најавеното зголемување на киријата од 230 проценти. Случајот предизвика протести и поставување камп во центарот на Мадрид, а владата предложи итни мерки за подобрување на пристапот до домување.
Во Франција, незадоволството поради условите во училиштата, недоволното јавно финансирање и социјалната нееднаквост прерасна во пошироко протестно движење. Повеќе од 1.200 луѓе биле уапсени во саботата, откако демонстранти се судриле со полицијата, а дел од протестите прераснале во насилство, со запалени објекти и ограбени продавници.
Макрон ја одби оставката на министерот за внатрешни работи по насилните протести во Франција








