Димитар Ангелевски е нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Неговото именување го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски, кој наведе дека одлуката е донесена на негов предлог.
Ангелевски е доктор по општа медицина и специјалист по ортопедија. Работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом – Скопје, а бил и директор на Медицинскиот симулациски центар, каде што работел како едукатор за обуки од областа на итната медицина.
Клековски од новиот директор очекува зајакнување на улогата на Инспекторатот во заштитата на јавното здравје, побрзи и повидливи инспекциски контроли, доследна примена на законите и поголема транспарентност и отчетност.
Министерот му се заблагодари на досегашниот директор Кирил Лазов за неговата работа.










