AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Секое петто бебе родено на Клиниката за гинекологија годинава било предвреме родено

Фото: Pexels

Секое петто бебе родено на Клиниката за гинекологија годинава било предвреме родено

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Од вкупно 3.216 живородени деца на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во периодот од јануари до октомври годинава, 610 биле предвреме родени, односно околу 19 проценти. Ова го соопшти директорката на Клиниката, проф. д-р Ирена Алексиоска-Папестиев, по повод Светскиот ден на предвремено родените деца.

Таа појасни дека повисокиот процент во споредба со државниот просек се должи на тоа што Клиниката е национален терциерен центар, каде што се упатуваат бремености со висок ризик од целата држава.

Во периодот од 1 јануари до 31 октомври биле реализирани вкупно 3.266 породувања. Според податоците, во земјава околу 9 до 10 проценти од бебињата се раѓаат пред навршени 37 гестациски недели, што е над европскиот просек.

Од Клиниката посочуваат дека грижата за предвремено родените деца не завршува со нивното отпуштање од болница. Меѓу приоритетите за наредниот период се превенцијата и раното откривање на ризичните бремености, континуираното следење на растот и развојот на децата, како и обезбедувањето специјалистички прегледи и навремена интервенција.

Алексиоска-Папестиев истакна дека во подобрувањето на грижата значајна улога имаат и новата медицинска опрема и едукацијата на здравствените работници. Клиниката обезбедила 13 нови инкубатори, три беби-затоплувачи и ултразвучен апарат со три сонди, со кои се врши процена на мозокот, белите дробови и срцето кај новороденчињата. Во тек е и обновување на одделението за доносени новородени.

За грижата за предвремено родените бебиња зборуваше и д-р Елизабета Петковска, раководителка на Одделот за интензивна нега и терапија. Таа посочи дека во рамки на развојната нега се применува кенгурирање, односно близок контакт меѓу родителот и бебето, кој е дел од грижата за овие новороденчиња.

На одделот функционира и лактариум, каде што мајките можат да измолзуваат млеко за своите бебиња додека се на болничко лекување. Практиката е во согласност со препораките на Светската здравствена организација за ексклузивно доење и рана исхрана со мајчино млеко.

Покрај медицинската грижа, од Клиниката ја нагласуваат и важноста на поддршката за родителите, преку навремени информации, психолошка помош и нивно активно вклучување во грижата за детето.

На глобално ниво, секоја година предвреме се раѓаат околу 13,4 милиони бебиња, односно приближно едно од десет новороденчиња.

Според податоците на УНИЦЕФ за 2024 година, неонаталната смртност во земјава изнесувала 1,05, доенечката 2,26, а смртноста кај децата до петгодишна возраст 2,8 на 1.000 живородени деца. За споредба, просечната доенечка смртност во Европската Унија изнесувала 3,5 на 1.000 живородени деца.

Светскиот ден на предвремено родените деца годинава првпат се одбележува на 15 ноември, откако Светската здравствена организација го определи овој датум и формално го вклучи во својот календар.

Tags: бебеклиника за гинекологијапредвремеродено
SummarizeShare234

Related Stories

Корабоски на 27 ноември ќе седне на обвинителна клупа за нападот врз Сара

Корабоски на 27 ноември ќе седне на обвинителна клупа за нападот врз Сара

by ДЕСК коректив.мк
November 17, 2026
0

Судскиот процес против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид, е закажан за 27 ноември. Обвинителството го товари за три кривични дела –...

Институциите сè уште проверуваат како Ива Михаилова ја напуштила Македонија

Институциите сè уште проверуваат како Ива Михаилова ја напуштила Македонија

by ДЕСК коректив.мк
November 17, 2026
0

Бирото за јавна безбедност ги проверува околностите под кои Ива Михаилова, која е осомничена во кривична постапка, се нашла во Бугарија, како и можноста други лица да ѝ...

Теута Арифи на судењето за договорите на дело: „Немам направено ниту една грешка со намера“

Теута Арифи на судењето за договорите на дело: „Немам направено ниту една грешка со намера“

by ДЕСК коректив.мк
November 17, 2026
0

Судењето против поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, обвинета за злоупотреба на службената должност, продолжи денеска со сослушување на седум сведоци, пренесува ТВ21. Пред судот сведочеа четири лица...

Македонија одбележува 35 години независност – политички пораки за единство и стабилност

Силјановска-Давкова: Треба да се запрашаме зошто толку често го менуваме Уставот, 21 од 36 измени биле под влијание на меѓународната заедница

by ДЕСК коректив.мк
November 17, 2026
0

Уставот не треба да се менува лесно и често, бидејќи претставува темел на државата и договор меѓу граѓаните и институциите. Ова беше една од главните пораки на претседателката...

Next Post
Ја затворил, ја нападнал и ѝ се заканувал: Обвинение против Корабоски за три кривични дела

Корабоски обвинет за три кривични дела, доби 30 дена притвор за нападот врз Сара

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

October 22, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.