Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон сака цврсти гаранции дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје, додавајќи дека очекува војната да заврши во блиска иднина.
„Сè наскоро ќе заврши. Ни треба гаранција дека никогаш нема да има нуклеарно оружје“, изјави Трамп во интервју за радиостаницата КЦМО од Канзас Сити, пренесува Ројтерс.
Тој, сепак, не откри детали за тоа како би можел да биде ставен крај на конфликтот.
Трамп претходно најави дека САД нема да започнуваат нови напади врз Иран пред изборите за американскиот Конгрес, закажани за 3 ноември.
Иран, од друга страна, ги отфрла обвинувањата дека се обидува да развие нуклеарно оружје.







