Царинските службеници на граничниот премин „Блаце“ заплениле 595 сребрени прстени со вкупна тежина од 1,7 килограми, кои биле сокриени под автомобилските седишта со цел да се избегне плаќање на царинските давачки.
Од Царинската управа информираат дека накитот бил откриен при контрола на возило. По откривањето, прстените биле запленети, а против лицето ќе биде поведена соодветна постапка.
Случајот бил документиран со телесни камери на царинските службеници.








