AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Скопје блесна во ритамот на Гета: „The Monolith“ го претвори Денот на независноста во музички спектакл

И покрај отворените прашања и сомнежи за прославата, Мицкоски најави дека „вакви настани ќе има секоја година“

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 13, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија предизвика острар политички судир меѓу премиерот Христијан Мицкоски и опозициските партии СДСМ и Левица. Додека власта настанот го оценува како историски успех и афирмација на државата, опозицијата обвинува за ненаменско трошење милионски суми преку Државната лотарија и бара истрага за потрошените пари.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека прославата траела повеќе од еден месец и опфатила над 200.000 граѓани, оценувајќи ја како успешна. Централен дел од прославата беше концертот на светски познатиот диџеј Дејвид Гета, чие видео, според Мицкоски, собрало над еден милион прегледи за 14 часа.

Премиерот најави дека Владата и во следните години ќе продолжи со организирање слични настани, оценувајќи дека Државната лотарија треба да има улога на општествено одговорна компанија.

„Да се подготвиме уште за многу убави моменти, за многу среќни луѓе, многу задоволни луѓе и она што е важно – напредна и просперитетна Македонија. Можам да кажам дека тие кои очајуваат, на времето парите ги трошеа во приватните џебови на Перпарим и останатите, а ние вишокот пари ги враќаме кај граѓаните, кај уметниците. Не сме исти, се согласувам со опозицијата“, изјави Мицкоски, кој критиките на опозицијата ги нарече политичка естрада.

Падот на Перпарим Бајрами – хронологија на аферите во Државна лотарија

Опозициската партија СДСМ острите критики ги насочи кон финансирањето на овие манифестации, тврдејќи дека за прославата биле потрошени 5,5 милиони евра преку средства од Државната лотарија, која според нив се користи како приватна каса на власта.

„Влада сега ги крие документи, суми, договори, анекси, добавувачи… Да било се чисто и законски немало да се крие. Суштината е дека ова е обид да се прикрие трагите на парите. Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат мора граѓаните да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски. Сомнежите  за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда.  Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен. Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим. И кога бил договорен и исплатен“, побара Маја Борозан од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека доколку Владата не ги објави сите документи треба да биде отворена истрага.

И од Левица бараат да се објави одлуката за распоредување на добивката за 2024 година, актот со кој 300 милиони денари се определени за прославата, одлуките на надлежните органи на Лотарија, важечкиот правилник за спонзорства и целосната финансиска документација. Од таму велат дека во ревидираниот Биланс на успех на Државна лотарија за 2024 година е прикажана добивка од 547,54 милиони денари, што значи дека средствата од 300 милиони денари наменети за оваа прослава се еквивалентни на повеќе од половина од целата прикажана годишна добивка.

„Истовремено, ДЗР утврдил дека во цела 2024 година Лотарија исплатила 70,599 милиони денари за сите спонзорства,а оваа операција е повеќе од четирикратно поголема од целокупниот годишен износ за спонзорства во годината од која наводно потекнуваат парите. А има уште една причина зошто јавноста не смее да прифати ништо на доверба. Имено, ДЗР веќе ја има компромитирано практиката на самата Лотарија токму во областа на спонзорствата. При ревизијата за 2024 година е утврдено дека друштвото немало интерен правилник со прецизно дефинирани критериуми според кои се определува висината на спонзорствата и донациите, што според ревизорите овозможувало субјективно одлучување, не биле доставувани сите задолжителни извештаи до УЈП, недостасувале извештаи од приматели за начинот на користење на средствата, а за дел од исплатите не бил потврден јавниот интерес согласно предвидената постапка“, се вели во соопштението на Левица.

Прославата по повод 35 години независност на Македонија чинела околу 5,5 милиони евра, односно повеќе од 340 милиони денари. Според информациите што ги соопшти владината портпаролка Марија Митева, околу 300 милиони денари биле обезбедени преку Државната лотарија, додека останатиот дел од средствата бил обезбеден од приватни компании и други извори.

Владата уверува дека со организацијата на прославата не бил оптоварен државниот буџет, но начинот на кој се обезбедени и потрошени милионските средства отвори низа прашања во јавноста, особено околу улогата на Државната лотарија и транспарентноста на целокупното финансирање.

 

Tags: ВладаДејвид ГетаДржавна лотаријаКлимовскипрослава
SummarizeShare234

Related Stories

Народна банка: Одлуката за Алта банка во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на банката во Битола

Народна банка: Одлуката за Алта банка во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на банката во Битола

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, порачува Народната банка, посочувајќи дека одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Белград...

Алта банка Битола: Работиме непречено, средствата на клиентите се достапни

Алта банка Битола: Работиме непречено, средствата на клиентите се достапни

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

АЛТА банка АД Битола соопшти дека е ликвидна, работи редовно и ги исполнува обврските кон клиентите, по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата...

СДСМ бара домашното обвинителство да отвори истрага за унгарскиот кредит

По одземената дозвола во Србија, СДСМ бара истрага и одговорност за Алта банка во Македонија

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

Откако Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка и објави дека банката влегува во стечај, од опозицискиот СДСМ побараа истрага за работењето на...

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера во Токио

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера во Токио

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

Новиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“, на 30 октомври ја имаше својата светска премиера во натпреварувачката програма на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио. „На...

Next Post
Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка

Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.