AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
И Ахмети на масовниот протест во Приштина пред хашката пресуда за поранешните лидери на ОВК

Али Ахмети на протест во Приштина

И Ахмети на масовниот протест во Приштина пред хашката пресуда за поранешните лидери на ОВК

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 12, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Десетици илјади граѓани се собраа на „Маршот за слобода“ во Приштина за да ја искажат поддршката за поранешните лидери на ОВК пред конечната пресуда од Специјализираните совети во Хаг, додека политичките лидери апелираат за правда и предупредуваат на сериозни општествено-политички последици.

Mасовниот собир наречен „Марш за слобода“, организиран од граѓанската платформа „Слободата има име“, имаше за цел да изрази поддршка за поранешните високи претставници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се наоѓаат во притвор во Хаг од ноември 2020 година.

Масовни протести во Приштина

На плоштадите беа поставени знамиња и билборди со нивните ликови, како и симболичен часовник кој го одбројува времето до 16 септември, датумот кога Специјализираните совети на Косово треба да ја изречат првостепената пресуда. Обвинителството побара казна затвор од по 45 години за секој од обвинетите, кои се товарат за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во 1998 и 1999 година.

Политички реакции и барања за ослободување

На протестот зедоа учество десетици илјади граѓани од Косово, Албанија и Северна Македонија, како и бројни политички личности.

Претседателот на Демократската партија на Косово (ПДК), Бедри Хамза, упати директна порака до судиите во Хаг да размислат за последиците од нивната одлука, оценувајќи дека неправедна пресуда ќе претставува казна за целото Косово. Поддршка за обвинетите изрази и албанскиот премиер Еди Рама, кој изјави дека очекува Хашим Тачи да триумфира преку силата на вистината.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој исто така присуствуваше на маршот во Приштина, јавно порача дека албанскиот народ веќе ја донел својата пресуда сметајќи ги обвинетите за невини, со што нагласи дека борбата на ОВК не смее да биде предмет на судска ревизија.

Атмосфера на протестот во Приштина

Претставниците на здруженијата на ветераните, меѓу кои и претседателот на Организацијата на воените ветерани на ОВК, Хисни Гуцати, истакнаа дека протестот не е само за одбрана на поединци, туку за заштита на колективната вистина и достоинството на борбата на еден народ за опстанок и државност. Учесниците на собирот носеа пароли со натписи „Без правда нема мир“ и „Слобода има име“, нагласувајќи дека историјата на ОВК е темел на слободата и дека нејзините лидери се симбол на националниот отпор против порашното угнетување. Собирот беше обележан со силни пораки за национално единство, а организаторите ги повикаа граѓаните масовно да присуствуваат и на денот на изрекувањето на пресудата.

Во пресрет на објавувањето на пресудата, безбеднозните структури и меѓународните мисии како КФОР и ЕУЛЕКС ја следат состојбата со зголемено внимание и се подготвени да реагираат на евентуални ескалации. Најавите од некои здруженија на ветерани за можни протести и реакција во зависност од исходот на пресудата укажуваат на висока тензија.

Tags: ахметиовкпресудиприштинапротестхаг
SummarizeShare234

Related Stories

По заканата кон Мицкоски, Жерновски објави порака со повик за негово убиство

По заканата кон Мицкоски, Жерновски објави порака со повик за негово убиство

by ДЕСК коректив.мк
September 16, 2026
0

Андреј Жерновски објави порака со директна закана по неговиот живот и побара од надлежните институции да реагираат. Тој на социјалните мрежи ја објави пораката „Нема ли некој да...

СДСМ: Предметот на ДКСК за можен судир на интереси не е истрага за 5,5 милиони евра

СДСМ: Предметот на ДКСК за можен судир на интереси не е истрага за 5,5 милиони евра

by ДЕСК коректив.мк
September 16, 2026
0

СДСМ реагира дека отворањето предмет од Државната комисија за спречување на корупцијата за можен судир на интереси кај едно лице не претставува истрага за начинот на кој биле...

Скопје блесна во ритамот на Гета: „The Monolith“ го претвори Денот на независноста во музички спектакл

Антикорупциска отвори предмет само за судир на интереси на музичарот Мицевски, не и за спонзорството од Лотарија за прославата

by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
0

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не отворила предмет за целосното финансирање на прославата на 35-години независност на Македонија од страна на Државна лотарија, туку појаснува дека...

Апасиев: Мене ми се закануваа по живот – обвинителството ја отфрли пријавата, а за Мицкоски веднаш притвори

Апасиев: Мене ми се закануваа по живот – обвинителството ја отфрли пријавата, а за Мицкоски веднаш притвори

by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
0

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев реагираше на случајот со 39-годишниот кумановец кој беше осомничен дека преку социјалните мрежи му се заканувал на премиерот Христијан Мицкоски. Апасиев...

Next Post
ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за воени злосторства

September 16, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

September 10, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

September 8, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.