Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието и поранешен министер без ресор.
Тажната вест ја објави „Рома Прес“, од каде што се простија од Ибраимовски со емотивна порака.
Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претставник на ромската заедница. Во текот на политичката кариера беше пратеник во Собранието на Македонија, а извршуваше и функција министер без ресор во Владата.
Тој беше познат по својот политички ангажман и залагањето за правата и интересите на Ромите во земјава.






