Авион на унгарската авиокомпанија „Виз Ер“, кој летал на релација Лондон-Софија, бил пренасочен кон Будимпешта по добиена закана за поставена бомба. По дојавата, унгарските воздухопловни сили испратиле борбен авион „Грипен“ за да го придружува патничкиот авион до аеродромот.
Информацијата ја објави унгарскиот министер за одбрана Ромулуш Рушин-Сенди на Фејсбук, наведувајќи дека авионот безбедно слетал во Будимпешта.
Од „Виз Ер“ за унгарскиот портал „24.hu“ потврдиле дека по слетувањето започнала безбедносна проверка на авионот и патниците.
Унгарскиот министер информира дека по завршувањето на придружувањето, борбениот авион „Грипен“ се вратил во својата база во Кечкемет, додека полицијата презела дополнителни безбедносни мерки на аеродромот.







