За нас

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Мисијата на Коректив.мк е да открива и објавува факти со јасни извори и поткрепени докази, да
спроведуваме длабински истражувања за криминал, корупција и злоупотреба на јавни пари и да ги
поставуваме прашањата што ги избегнуваат моќните актери.

Коректив.мк е платформа за контрола и дебата: објавуваме документи, анализи, податоци и
истражувачки текстови кои им служат и на граѓаните и на институциите кои треба да носат
правилни одлуки. Нашите истражувања имаат за цел не само да информираат, туку и да
предизвикаат системски промени – од подобрување на јавните политики до иницирање правни и
институционални реакции.