AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска

Димитар Апасиев - претседател на левица

Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 13, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, соопшти дека поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против службени лица во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), како и против самата Комисија како правно лице.

Според документот што го објави Апасиев, пријавата е поднесена против Весна Донева, Севим Мустафа, Славко Ѓорѓески и Фарие Јашари, кои се наведени како членови на Прекршочната комисија при ДКСК, како и против Катица Костовска, за која во пријавата е наведено дека има „непознат внатрешен статус во ДКСК“.

Како основ за кривичната пријава се наведуваат делата „неизвршување на судска одлука“ според член 377 став 4 од Кривичниот законик и „расна и друга дискриминација“ според член 417 став 1, за кои Апасиев тврди дека се сторени во идеален стек.

„Јас си стојам на зборот. Па затоа, денес поднесов нова кривична пријава за ‘неизвршување судска одлука’ против членовите на Прекршочната комисија при Антикорупциска“, објави Апасиев.

Тој наведува дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација претходно утврдила директна дискриминација врз него по основ на политичка припадност, поврзана со, како што тврди, ускратување на правото на учество во постапката и правото на правен лек.

Апасиев дополнително посочи дека тричлен совет на Управниот суд го поништил решението на Прекршочната комисија при ДКСК, но дека членовите потоа повторно донеле исто решение.

„Во судска постапка трочлен судски совет при Управниот суд им го поништи Решението, ама овие повторно си го донесоа истото“, напиша Апасиев.

Пратеникот најави дека постапката ќе продолжи и во следниот период, со поднесување тужба за отштета, како и иницирање дисциплинска постапка поради, како што тврди, непочитување на задолжителните напатствија од Управниот суд.

Апасиев најави дека случајот ќе го отвори и преку пратенички прашања во Собранието, упатувајќи порака до раководството на ДКСК дека ќе бара институционална одговорност.

Tags: Димитар Апасиевдксклевицапријава
SummarizeShare234

Related Stories

Закани кон Мицкоски преку социјални мрежи: Обвинителството бара притвор за 39-годишник од Черкези

Закани кон Мицкоски преку социјални мрежи: Обвинителството бара притвор за 39-годишник од Черкези

by ДЕСК коректив.мк
September 14, 2026
0

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, кој е осомничен дека преку пораки на социјалните мрежи го навредувал и му се заканувал на...

ДИК ги откри имињата на кандидатите за градоначалник на Брвеница

ДИК ги откри имињата на кандидатите за градоначалник на Брвеница

by ДЕСК коректив.мк
September 13, 2026
0

Државната изборна комисија соопшти дека за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, закажани за 18 октомври 2026 година, се поднесени вкупно шест кандидатски листи. По смртта на...

Растат цените на горивата – Дизелот од полноќ над 100 денари

Владата ќе го намалува ДДВ-то за дизелот, за опозицијата тоа е недоволна мерка

by ДЕСК коректив.мк
September 13, 2026
0

Владата на Македонија најави намалување на ДДВ за дизелот од 18% на 10% со цел да го заштити стандардот на граѓаните од светската енергетска криза. Опозициската СДСМ ја...

Скопје блесна во ритамот на Гета: „The Monolith“ го претвори Денот на независноста во музички спектакл

И покрај отворените прашања и сомнежи за прославата, Мицкоски најави дека „вакви настани ќе има секоја година“

by ДЕСК коректив.мк
September 13, 2026
0

Прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија предизвика острар политички судир меѓу премиерот Христијан Мицкоски и опозициските партии СДСМ и Левица. Додека власта настанот го оценува како историски...

Next Post
ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

September 10, 2026
Бриселски институт: ЕУ не е подготвена за проширување, но полноправното членство никогаш не било единствениот модел на интеграција

Бриселски институт: ЕУ не е подготвена за проширување, но полноправното членство никогаш не било единствениот модел на интеграција

September 13, 2026

Не пропуштајте

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

September 8, 2026
ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.