AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска

Димитар Апасиев - претседател на левица

Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 13, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, соопшти дека поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против службени лица во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), како и против самата Комисија како правно лице.

Според документот што го објави Апасиев, пријавата е поднесена против Весна Донева, Севим Мустафа, Славко Ѓорѓески и Фарие Јашари, кои се наведени како членови на Прекршочната комисија при ДКСК, како и против Катица Костовска, за која во пријавата е наведено дека има „непознат внатрешен статус во ДКСК“.

Како основ за кривичната пријава се наведуваат делата „неизвршување на судска одлука“ според член 377 став 4 од Кривичниот законик и „расна и друга дискриминација“ според член 417 став 1, за кои Апасиев тврди дека се сторени во идеален стек.

„Јас си стојам на зборот. Па затоа, денес поднесов нова кривична пријава за ‘неизвршување судска одлука’ против членовите на Прекршочната комисија при Антикорупциска“, објави Апасиев.

Тој наведува дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација претходно утврдила директна дискриминација врз него по основ на политичка припадност, поврзана со, како што тврди, ускратување на правото на учество во постапката и правото на правен лек.

Апасиев дополнително посочи дека тричлен совет на Управниот суд го поништил решението на Прекршочната комисија при ДКСК, но дека членовите потоа повторно донеле исто решение.

„Во судска постапка трочлен судски совет при Управниот суд им го поништи Решението, ама овие повторно си го донесоа истото“, напиша Апасиев.

Пратеникот најави дека постапката ќе продолжи и во следниот период, со поднесување тужба за отштета, како и иницирање дисциплинска постапка поради, како што тврди, непочитување на задолжителните напатствија од Управниот суд.

Апасиев најави дека случајот ќе го отвори и преку пратенички прашања во Собранието, упатувајќи порака до раководството на ДКСК дека ќе бара институционална одговорност.

Tags: Димитар Апасиевдксклевицапријава
SummarizeShare234

Related Stories

Победа на Јахиjи во Брвеница – ВМРО-ДПМНЕ ги обвини ВЛЕН дека биле „тројански коњ“

Победа на Јахиjи во Брвеница – ВМРО-ДПМНЕ ги обвини ВЛЕН дека биле „тројански коњ“

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

Победата на Аркин Јахији во Брвеница предизвика политички реакции и нови несогласувања меѓу партиите, откако ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата, но истовремено ја обвини ДУИ за етнички поделби и...

Пластични шишиња, автомобилски гуми и стакло го покриваат дното на Охридското Езеро, нуркачите предупредуваат на сериозно загадување

Пластични шишиња, автомобилски гуми и стакло го покриваат дното на Охридското Езеро, нуркачите предупредуваат на сериозно загадување

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

Дното на Охридското Езеро повторно е преполно со разновиден цврст отпад, меѓу што пластични шишиња, автомобилски гуми, лименки, стаклена амбалажа, текстил и други предмети што завршуваат во езерските...

ДУИ го победи ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница: Аркин Јахији е новиот градоначалник

ДУИ го победи ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница: Аркин Јахији е новиот градоначалник

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Аркин Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, победи во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Брвеница. По обработката на сите 24 избирачки...

Алта банка Битола: Работиме непречено, средствата на клиентите се достапни

Алта банка од утре привремено ги затвора експозитурите за клиенти

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Експозитурите на Алта банка АД Битола од понеделник, 2 ноември, привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување. Банката ја објави одлуката по воведувањето заштитни мерки од...

Next Post
Победа на Јахиjи во Брвеница – ВМРО-ДПМНЕ ги обвини ВЛЕН дека биле „тројански коњ“

Победа на Јахиjи во Брвеница - ВМРО-ДПМНЕ ги обвини ВЛЕН дека биле „тројански коњ“

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.