Германија започна со сериско производство на повеќе од 5.000 борбени дронови за Украина, во проект вреден околу 300 милиони евра.
Производството се одвива во близина на Минхен, а првите летала веќе се произведени. Според планот, целата нарачка треба да биде реализирана до средината на 2027 година.
Проектот го реализираат германско-американската компанија Auterion и украинскиот партнер Airlogix. Дроновите ќе бидат од два типа, со различен дострел, при што најдолгиот ќе може да погодува цели на оддалеченост до 1.500 километри.
Посебно внимание е посветено на отпорноста на електронско попречување. Auterion го обезбедува софтверот, додека Airlogix е задолжен за хардверот и производството.
Берлин планира да отвори и дополнителен производствен капацитет во источна Германија. Новата инвестиција е дел од пошироката германска воена поддршка за Украина, која вклучува и други програми за производство и набавка на беспилотни летала.










