AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
„Сам одлучив“ – обвинетиот за палењето на бугарските возила призна вина

Фото: Принтскрин, БГНЕС

Укинат притворот на потпалувачот на дипломатските возила: Призна вина, има малолетно дете и бил коректен пред судот

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 18, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Судот му го укина притворот на Игор Дашковски Стојановски, кој призна вина за палењето на двете дипломатски возила пред бугарската амбасада, па правосилноста на пресудата ќе ја чека на слобода.

Во образложението на одлуката, Судот наведува дека Стојановски досега издржал околу половина од изречената казна затвор од осум месеци, поради што смета дека опасноста од бегство е значително намалена. Како аргумент во прилог на укинувањето на притворот се земени предвид и признанието на вината, неговото однесување за време на судските рочишта, како и личните околности, меѓу кои и фактот дека има малолетно дете во Македонија.

„Обвинетиот даде признание на вина што укажува дека ја прифати одговорноста, а тоа не дава основ за заклучок дека би се дал во бегство за да го избегне правосилното завршување на постапката“, наведуваат од Судот.

Во образложението се посочува и дека Стојановски има постојано и познато место на живеење во земјава, дека коректно се однесувал пред судот и не ја оспорувал фактичката состојба. Дополнително, Судот оценил дека во оваа фаза не биле презентирани нови докази или конкретни околности што би ја оправдале потребата од продолжување на притворот.

При одлучувањето била земена предвид и практиката на Европскиот суд за човекови права, според која, со одминувањето на времето, продолжувањето на притворот мора да биде поткрепено со сè поконкретни и поубедливи аргументи.

Наместо притвор, на Стојановски му е определена мерка за редовно јавување еднаш неделно, секоја среда, во периодот од 9:30 до 12 часот, пред одговорен службеник во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје. Оваа мерка ќе важи до правосилното завршување на кривичната постапка.

Инцидентот се случи на 15 јуни годинава, околу пладне, кога обвинетиот запали две дипломатски возила паркирани пред бугарската амбасада на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Според обвинението, тој претходно набавил бензин во пластично шише од блиска бензинска пумпа, со кој ги полеал автомобилите, ги запалил и потоа го напуштил местото.

Првичната постапка ја водеше Основното јавно обвинителство Скопје, но предметот подоцна го презеде Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Обвинението беше поднесено на 16 септември, а на обвинетиот му се става на товар кривичното дело загрозување лица под меѓународна заштита, бидејќи со палењето, според Обвинителството, создал сериозна опасност по животот на лица под меѓународна заштита.

„Сам одлучив“ – обвинетиот за палењето на бугарските возила призна вина

Tags: Амбасадабугаријадипломатски возилапотпалувачсуд
SummarizeShare234

Related Stories

Порака на ЕФЦ: „Вие продавајте. Ние складираме, пакуваме и доставуваме – во Македонија и Балканот

Порака на ЕФЦ: „Вие продавајте. Ние складираме, пакуваме и доставуваме – во Македонија и Балканот

by ДЕСК коректив.мк
November 19, 2026
0

Сè позначајна е улога на логистиката во развојот на електронската трговија и современото деловно работење. Достапноста на производите, точната евиденција на залихите, брзата обработка и сигурната испорака се...

По години негрижа се санира влезот во Старата скопска чаршија, се менуваат искршените плочки

По години негрижа се санира влезот во Старата скопска чаршија, се менуваат искршените плочки

by ДЕСК коректив.мк
November 19, 2026
0

По години запоставување, започна санацијата на влезот во Старата скопска чаршија, каде што искршените и оштетени плочки се заменуваат со нови плочи од травертин. Градоначалникот на Скопје, Орце...

Јаневска уверува дека нема повторно да ја исклучуваат струјата на факултетите

Јаневска уверува дека нема повторно да ја исклучуваат струјата на факултетите

by ДЕСК коректив.мк
November 19, 2026
0

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, уверува дека факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) нема да се соочат со нови исклучувања на електричната...

Полицијата влезе во „Макстил“ поради сомнежи за еколошки криминал, се проверуваат почвата и суровините

Полицијата влезе во „Макстил“ поради сомнежи за еколошки криминал, се проверуваат почвата и суровините

by ДЕСК коректив.мк
November 19, 2026
0

Полициски екипи денеска спроведуваат акција во просториите на скопската компанија „Макстил“, каде што се вршат проверки на примероци од почвата и од одредени суровини поради сомнежи за можни...

Next Post
Трамп во Кина пред историскиот трилатерален самит со Путин и Џинпинг

Трамп, Путин и Си на историска средба во Кина: Во фокусот нуклеарното разоружување и глобалната безбедност

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

October 22, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.