AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера во Токио

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера во Токио

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Новиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“, на 30 октомври ја имаше својата светска премиера во натпреварувачката програма на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио.

„На Токио му дадовме шахта, а си земавме суши. Фер. Публиката дишеше со филмот. Се радувам што вака убаво го пуштивме во свет“, изјави Манчевски по проекцијата.

Милчо Манчевски

По премиерата, режисерот и главните актери Сара Климоска и Филип Трајковиќ учествуваа во разговор со публиката и со јапонските и меѓународните медиуми. Разговорот го водеше уметничкиот директор на фестивалот, Шозо Ичијама, кој се осврна на уметничките квалитети и социјалниот аспект на филмот.

Гледачите го истакнаа емотивното доживување, необичната приказна и актерските остварувања. „Бев одушевена да видам ваква ентузијастичка реакција од гледачите“, изјави Кјоко Хирано, посетителка на премиерата.

Интересот продолжи и надвор од салата. Цел час по разговорот, Манчевски и актерите потпишуваа автограми и се фотографираа со публиката. Дел од обожавателите донесоа плакати и ДВД-изданија од „Пред дождот“, „Прашина“ и „Кајмак“.

За Филип Трајковиќ, Токио е почетокот на светското патување на неговиот лик:

„Пресреќен сум што ликот на Виктор првпат си го покажа лицето токму во Токио и тукашната публика прва се запозна со него. Се надевам дека ќе продолжи да патува и ќе стане граѓанин на светот. Виктор го заслужува тоа.“

Сара Климоска го сподели своето доживување со зборовите „Милчо пак ме расплака“, а за ликот што го толкува рече:

„Малина ми е многу, многу блиска. Преку неа истражив многу човечки искуства, емоции и противречности. Ме збогати. Благодарна сум што бев дел од оваа приказна.“

Премиерата во Токио е многу важна за меѓународната видливост на новиот филм на Манчевски, истакна директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, кој замина за Токио да ја поддржи филмската екипа:

„Светската премиера на Манчевски во Токио е уште една потврда дека во современа Македонија, филмот е нашиот најгласен, најсилен и најуспешен културен промотор. Преку нашите филмови, приказните, јазикот и авторскиот глас стигнуваат до публиката ширум светот. Затоа, Агенцијата за филм иницира промени насочени кон зголемување на филмскиот буџет и создавање подобри услови за работа на филмските работници. Милчо по четврти пат нè претставува на Токискиот филмски фестивал. Им честитам и нему и на целата екипа за премиерата во Токио и им посакувам филмот да продолжи да го привлекува вниманието на меѓународната публика и да бележи успеси на светската филмска сцена.“

Манчевски и дел од екипата присуствуваа и на отворањето на фестивалот. Неговото појавување со шахта како реквизит од филмот го привлече вниманието и на „Холивуд репортер“, кој напиша дека режисерот нашол несекојдневен начин да се заштити од дождот.

За симболиката на предметот, Манчевски објасни:

„Шахтите кои ги крадат нашите херои во филмот ја кријат нечистотијата на општеството и го одвојуваат финиот свет од подземјето. Братот и сестрата во оваа приказна опстојуваат токму меѓу тие две сфери на општеството.“

Покрај режисерот и актерите, на премиерата присуствуваа продуцентот Јане Ќортошев и копродуцентските партнери Галина Тонева, Лудовико Кантисани и Ју-Фаи Суен.

„Сестра, брат и шахта“ е чудна комедија за оние што имаат и оние што немаат – во исто време лута сатира и суптилна поема за брат и сестра, кои живеат на маргините на општеството. Филм за антихерои кој – во неповторливиот стил на Милчо Манчевски – отфрла секаква жанровска класификација, мамејќи и солзи и смеа. Иако се случува во денешна Македонија, филмот содржи универзално размислување за тоа како луѓето живеат и се поврзуваат во современиот свет.

Главните улоги ги играат: Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Јасмина Василева и Стефан Николовски, како и Ана Костовска, Иван Ѓошевски, Виктор Арсов, Марина Поп Панкова, Александар Степанулески и Марин Гавриловски.

Дејвид Манс од Велика Британија е дизајнер на продукција. Директор на фотографија е Стефано Фаливене од Италија. Кастинг-директорка е Милка Анчевска, костимите се на Жаклина Крстевска, а шминката на Бистра Кечиџиева од Бугарија. Продуцент е Јане Ќортошев.

Филмот се снимаше со меѓународна екипа на локации низ и околу Скопје. Копродуценти се: Гала филм од Бугарија, Сенс продакшн од Србија, Амаркорд продакшн и Аугустус колор од Италија, Беркли медиа груп од Англија и Тирана филм институт од Албанија.

Следните фестивалски проекции се на 2 и 3 ноември.

Tags: Милчо Манчевскипремиерафилм
SummarizeShare234

Related Stories

ДУИ го победи ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница: Аркин Јахији е новиот градоначалник

ДУИ го победи ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница: Аркин Јахији е новиот градоначалник

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Аркин Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, победи во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Брвеница. По обработката на сите 24 избирачки...

Алта банка Битола: Работиме непречено, средствата на клиентите се достапни

Алта банка од утре привремено ги затвора експозитурите за клиенти

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Експозитурите на Алта банка АД Битола од понеделник, 2 ноември, привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување. Банката ја објави одлуката по воведувањето заштитни мерки од...

Народната банка воведе администрација во Алта банка, граѓаните ќе можат да подигнат до 10.000 денари неделно

Народната банка воведе администрација во Алта банка, граѓаните ќе можат да подигнат до 10.000 денари неделно

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Народната банка денеска воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола и ги ограничи одливите на пари, откако за еден ден од банката биле повлечени околу два милиони...

Радичевски и Јахји во втор круг од изборите за градоначалник на Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Поголема излезност од првиот круг

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Во вториот круг од предвремените локални избори за градоначалник на општина Брвеница до 15:30 часот гласале 6.579 граѓани, односно 40,49 отсто од избирачите, што е за речиси десет...

Next Post
Алта банка остана без лиценца, а за нејзиниот сопственик Давор Мацура се бара воведување на американски санкции

Алта банка остана без лиценца, а за нејзиниот сопственик Давор Мацура се бара воведување на американски санкции

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.