Седумдесет и шестгодишна жена денеска е пронајдена почината со видливи траги од насилство во нејзиниот дом на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Скопје. Ова е втор ваков случај во општина Ѓорче Петров во рок од пет дена, откако на 22 октомври во својот дом беше пронајден и 62-годишен маж, исто така со траги од насилство.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, утрово во 9:18 часот М.А. пријавила дека ја пронашла својата мајка О.А. без знаци на живот. Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт, по што бил известен јавен обвинител.
По насоки на обвинителот, телото е предадено на обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на причините и околностите за смртта.
Претходниот случај бил пријавен на 22 октомври во 18:40 часот, кога во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров бил пронајден починат С.Ј. (62). И во овој случај лекар констатирал траги од насилство, а јавен обвинител наредил обдукција.
Засега нема официјални информации дали двата случаи се поврзани







