Триесетгодишен скопјанец е приведен под сомнение дека ја измамил својата 40-годишна познаничка за 1.558.300 денари, откако претходно заедно подигнале станбен кредит од банка.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Н.К. бил лишен од слобода на 26 октомври во 18:15 часот, по претходна пријава од жената.
Според пријавеното, двајцата се договориле и подигнале станбен кредит, но по завршувањето на процедурата, мажот ѝ ги зел парите и потоа одбивал да се види со неа.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.







