AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Зетот на Заев, Атанас Костов доби кривична пријава за намерно предизвикан стечај на фирма

Управа за финансиска полиција - илустрација

Зетот на Заев, Атанас Костов доби кривична пријава за намерно предизвикан стечај на фирма

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
in Хроника
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Атанас Костов, зет на експремиерот Зоран Заев, поради сомнение дека со намера ја довел во стечај својата компанија. Освен Костов и неговата фирма, кривично се гони и и уште еден управител на фирма од Дојран за „намерно предизвикување стечај“.

Како што соопшти Финансиската полиција, Атанас Костов како сопственик и управител на фирмата од 2020 до 2023 година, со цел да избегне да плати долг кон компании и давачки кон УЈП, вештачки ги извлекувал парите од фирмата. Најмногу пари ѝ должел на странска фирма и над 800 илјади денари на УЈП.

Станува збор за австриската компанија „АММА“ која со години се мачи да наплати од Костов скоро пет милиони евра за измама со извоз на корнишони со пресуда на Арбитражниот суд во Виена.

„Првопријавениот A.K. во својство на сопственик и управител, како и овластен потписник на сметките на правниот субјект, во период од 2020 до 2023 година, со цел и со однапред утврдена намера да избегне плаќање на финансиски обврски кон повеќе правни субјекти, а во најголем дел кон странски правен субјект во износ од 289.617.022 денари и Управата за Јавни приходи за износ од 883.283 денари, презел противправни дејствија насочени кон намерно доведување на правниот субјект во привидна финансиска немоќ и со тоа да ја оневозможи наплатата на долговите од страна на доверителите“ – се вели во соопштението на Финансиската полиција.

Прво се обидел имотот привидно да го префрли на друга фирма, а потоа средствата ги префрлал на фирма во сопственост на неговата сопруга.

„Со цел создавање привидна правна основа за оптоварување на имотот на друштвото, првопријавениот склучил договор за закуп со друг правен субјект со кој исто така управувал. Иако договорот не бил реално реализиран, ниту сметководствено евидентиран, по неговото еднострано раскинување во 2023 година биле евидентирани пенали во износ од 233.700.000 денари, врз основа на кои бил запишан товар врз имотот на друштвото. По приговор на доверителите, Основниот граѓански суд Скопје издал времена мерка со која било стопирано извршувањето. Откако не успеал во намерата за отуѓување на недвижниот имот, првопријавениот, со помош на третопријавениот Ј.Т., презел дополнителни дејствија за предизвикување стечај на друштвото, при што биле префрлени 4.000.000 денари по основ на позајмица, средства кои претходно биле примени од правен субјект основан од сопругата на првопријавениот, по што бил поднесен предлог за отворање стечајна постапка против друштвото“ – се вели во соопштението од Финансиската полиција.

„Како австриска фирма за корнишони се заплетка во мрежата на семејството Заеви-Костови“?

Ова е дел од истражувањето на Радио Слободна Европа за случајот кој датира уште од 2023 година кое открива како австриската АММА, и покрај добиената арбитража во Виена, се соочила со пречки да наплати речиси четири милиони евра од „Дена продукт“. Сопственик е Атанас Костов, сопруг на Емилија Заева-Костова, прва братучетка на поранешниот премиер Зоран Заев.

Во 2016 година АММА договорила ексклузивен откуп на корнишони од „Дена продукт“, обезбедувајќи аванси и производствено знаење. Виенската арбитража утврдила дека македонската фирма продавала договорно опфатени корнишони и на други купувачи, вклучително на „Глобал трејд ДММ“, сопственост на Емилија Заева-Костова. На 3 јануари 2023 година била донесена одлука во корист на АММА за враќање аванси и надомест поради прекршениот договор, со камати и трошоци.

Погрешно испратени кредитни белешки во електронската комуникација ја насочиле АММА кон продажбите на германски купувач. Австријците ангажирале лиценциран приватен детектив од Скопје, кој во јули–септември 2021 година собирал докази и фотографии за продажби на други компании. Клучен сведок бил Зоран Костов, брат на Атанас, задолжен за сортирање, пакување и товарање корнишони во 2014–2021 година. Доставил испратници што ги поткрепувале продажбите. Атанас го оспорувал сведочењето поради нарушени братски односи, но арбитерот не нашол убедлив доказ дека е неточно.

Производството и вработените биле пренасочени кон фирмата на сопругата, а стаклениците ѝ биле дадени под закуп на 15 години. Паралелно, „Глобал трејд ДММ“ преку нотарски налози и извршител побарала од „Дена продукт“ два долга, вкупно над четири милиони евра, со извршување врз стаклениците. Според застапниците на АММА, тоа било координиран обид имотот да се извлече пред Австријците да наплатат. Различните судски одлуки за привремените мерки дополнително ја усложниле заштитата на имотот.

Подоцна, РСЕ во март 2024 година пишува дека „Дена продукт“ била преименувана во „Феникс аграр“, со седиште префрлено од Велес во Скопје. На 6 февруари 2024 година скопскиот Граѓански суд отворил стечај, образложувајќи дека сметката била блокирана повеќе од 45 дена. АММА станала доверител во стечајот. Велешкото обвинителство, пак, поднело обвинение против Атанас Костов, управителот на „Глобал трејд“, нотар и извршител, со тврдење дека преку фиктивни обврски се настојувало имотот да премине во фирмата на сопругата.

Tags: зет на Заевкорнишоникривична пријаваФинансиска полиција
SummarizeShare234

Related Stories

Службениот „мерцедес“ на заменик директорот на Државна лотарија, Ахмет Мифтари запален доцна синоќа

За пет дена, два смртни случаи со траги од насилство во Ѓорче Петров

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

Седумдесет и шестгодишна жена денеска е пронајдена почината со видливи траги од насилство во нејзиниот дом на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Скопје. Ова е втор ваков случај во...

Работните спорови ја чинеа државата 64 милиони евра, речиси половина отишле за камати и трошоци

Заедно подигнале станбен кредит, па ѝ ги зел парите – скопјанец приведен за измама од 1,5 милиони денари

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

Триесетгодишен скопјанец е приведен под сомнение дека ја измамил својата 40-годишна познаничка за 1.558.300 денари, откако претходно заедно подигнале станбен кредит од банка. Како што информираат од Министерството...

Во Франција запленети 68 килограми кокаин, уапсен возач од Македонија

Во Франција запленети 68 килограми кокаин, уапсен возач од Македонија

by ДЕСК коректив.мк
October 26, 2026
0

Француската полиција запленила 68 килограми кокаин во товарно возило управувано од 44-годишен македонски државјанин, по добиени информации од страна на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни...

Тринаесетгодишно дете избодено во Чаир и е во исклучително тешка состојба

Вработени во тетовската Итна помош примиле повик, но не испратиле екипа – поднесена кривична пријава

by ДЕСК коректив.мк
October 22, 2026
0

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51) од Тетово, вработени во Итната медицинска помош при ЈЗУ Тетово, поради сомнение за неукажување медицинска помош, информираа...

Next Post
Најавени реформи за достоинствена работа, но остануваат старите проблеми на пазарот на трудот

Најавени реформи за достоинствена работа, но остануваат старите проблеми на пазарот на трудот

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.