Возач на автобус од Косово се обидел да шверцува 29 вијали од медицинскиот препарат „Xgeva“, наменет за лекување пациенти со малигни заболувања. Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди.
Како што информираат од Царина, случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин „Богородица“, каде при контрола на автобусот, во кутија за прва помош се откриени 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса.
„Од страна на Одделението за истраги против сторителот е поднесена кривична пријава за „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик“, се вели во соопштението.
Според информациите од Царинска управа, годинава од мобилните тимови и царинските службеници на граничните премини, запленети се над 30 илјади парчиња лекови.








