AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Апасиев ги отвори бизнисите на баџанакот на Мицкоски, премиерот го повика да ги докажува тврдењата на суд

Димитар Апасиев / Фото: Принтскрин

Апасиев ги отвори бизнисите на баџанакот на Мицкоски, премиерот го повика да ги докажува тврдењата на суд

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 14, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Бизнисите на Јорданчо Јанев – Дано, баџанак на премиерот Христијан Мицкоски, беа во фокусот на денешната собраниска седница за пратенички прашања, на која лидерот на Левица, Димитар Апасиев, изнесе низа прашања за фирмите поврзани со Јанев, неговите деловни активности во Македонија и Бугарија, како и за донации кон ВМРО-ДПМНЕ.

Апасиев презентираше податоци за најмалку шест компании поврзани со Јанев, од кои четири во Македонија и две во Бугарија. Меѓу нив ги наведе „Дано транс“, „Интерпласт груп“, „Шалом фуд груп“, „Шалом деливери“ и „Д-Дигитал конто“. Тој посочи и на деловни врски со братучедот на Јанев, Дончо Карастоев, за кого рече дека е поврзан со дополнителна мрежа од компании.

„Овој баџанак на премиерот е многу плоден бизнисмен. Тој има и бугарско државјанство“, рече Апасиев.

Пратеникот се осврна и на тендер за угостителска услуга во Струмица, свечен ручек за 250 гости по повод празникот на Светите Тивериополски свештеномаченици. Според неговите тврдења, услугата ја добила фирма поврзана со баџанакот на премиерот. Апасиев праша дали станува збор за можен судир на интереси, особено во контекст на донациите за ВМРО-ДПМНЕ.

Тој наведе дека Јанев, според јавно достапните податоци, од 2019 година донирал вкупно 20.000 евра, а спомена и донација од 2.500 евра од лице кое го поврза со неговите деловни активности. Апасиев отвори прашања и за наводен имот во Струмица и можни деловни активности поврзани со државно земјиште и субвенции, но за дел од овие тврдења самиот посочи дека нема потврда.

„Колку овие донации се патриотизам, а колку се испран бугарски капитал“, праша Апасиев, барајќи објаснување за односите меѓу политиката, семејните бизниси и финансирањето на партиите.

Премиерот ги отфрли обвинувањата и го повика Апасиев да ги повтори пред медиумите, надвор од собраниската говорница, по што, како што рече, ќе можат да се соочат на суд.

Мицкоски потврди дека Јанев му е баџанак, објаснувајќи дека нивните сопруги се сестри. Тој ја оспори и информацијата за бугарското државјанство на Јанев, тврдејќи дека тој го поседува уште од 2003, а не од 2017 година.

Премиерот рече дека Јанев потекнува од семејство на стечајци и дека неговиот бизнис започнал со камион што му го дал татко му, откако останал без работа во фабриката „Треска“. Според Мицкоски, Јанев потоа го развил сопствениот бизнис, кој постои повеќе од 25 години.

Мицкоски праша зошто би било спорно ако Јанев има бизниси во Бугарија, доколку средствата што ги заработува ги носи и ги троши во Македонија. Тој оцени дека вложувањето на пари заработени во странство во домашната економија треба да се гледа позитивно.

Во продолжението на одговорот, премиерот упати критики кон Апасиев за неговиот однос кон празничниот настан во Струмица и кон финансирањето на партиите. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ има илјадници донатори, членови и симпатизери, а истовремено изнесе обвинувања за финансиските активности на политички противници.

Во контрарепликата, Апасиев повторно ги отвори прашањата за деловните релации на Јанев и покажа фотографии на кои тој е во друштво на Мицкоски и на поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој му возврати на премиерот со лични критики поврзани со неговиот имот и скапите часовници, нарекувајќи го „инфериорен сноб“. Апасиев се осврна и на претходен судски спор за клевета, тврдејќи дека Мицкоски сè уште должи судски трошоци.

На крајот, лидерот на Левица најави дека партијата има дополнителни документи и информации поврзани со прашањата што ги отвори, но дека засега нема да ги објави.

Tags: Димитар АпасиевХристијан Мицкоски
SummarizeShare234

Related Stories

Пристигнаа првите 30.000 вакцини против грип, вакцинацијата се очекува да почне на 16 октомври

Активирана веб-страницата vakcinacija.mk: Граѓаните може да се пријават за бесплатна вакцина против сезонски грип

by ДЕСК коректив.мк
October 14, 2026
0

Министерството за здравство соопшти дека е активирана веб-страницата vakcinacija.mk, преку која граѓаните ќе може да се пријават за бесплатна вакцинација против сезонски грип. За вакцина може да се...

МОН повлекува 33 учебници за четири одделенија

МОН повлекува 33 учебници за четири одделенија

by ДЕСК коректив.мк
October 14, 2026
0

Министерството за образование и наука ќе повлече вкупно 33 учебници за прво, второ, четврто и петто одделение, но учениците ќе продолжат да ги користат во тековната учебна година....

Клековски: Бегството на Михајлова е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе потврдеше дека нема здравствен случај

Клековски: Бегството на Михајлова е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе потврдеше дека нема здравствен случај

by ДЕСК коректив.мк
October 14, 2026
0

Министерот за здравсто, Сашо Клековски смета дека бегството на Ива Михајлова е поврзано со најавеното доаѓање на бугарски медицински конзилиум во Македонија, кој требало заедно со македонските лекари...

Уште една жртва на западнонилската треска, бројот на починати достигна 11

Уште една жртва на западнонилската треска, бројот на починати достигна 11

by ДЕСК коректив.мк
October 14, 2026
0

Уште едно лице почина од западнонилска треска во земјава, со што вкупниот број починати од оваа болест од почетокот на 2026 година се искачи на 11, покажуваат најновите...

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.