По само неколку денови од „загадувачот“ на реката Радика, ново видео циркулира низ социјалните мрежи од несовесно однесување кон животната средина.
На снимката се гледа жена која со автомобил „порше“ застанува на мостот над реката Лепенец, излегува од возилото и фрла кеса со отпад директно во речното корито.
Настанот, според објавеното видео, се случува во близина на местото каде што Лепенец се влева во Вардар. Случајот предизвика револт кај граѓаните, кои на социјалните мрежи го осудија ваквото однесување и побараа поголема одговорност од поединците, но и поефикасно санкционирање за загадувањето на животната средина.
Фрлањето отпад во речните корита, освен што го нарушува изгледот на околината, претставува и потенцијален ризик за екосистемот и квалитетот на водата.
Човекот кој неодамна истури вреќи со ѓубре во Радика, беше пронајден и санкциониран од инспекциските служи на Општина Дебар.
Општина Дебар: Пронајден и санкциониран загадувачот на Радика










