AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Прославата на независноста растргната меѓу владиниот отчет и опозициските обвинувања за проневера

Отчетност за прославата Силно светнал ден

Прославата за независноста растргната помеѓу отчет и сомнежи за проневера на пари

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 10, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Организацијата на прославата по повод 35 години од независноста, каде како главна ѕвезда настапи светскиот диџеј Дејвид Гета, ја чинеше државата 5,5 милиони евра, обезбедени доминантно преку Државна лотарија.

И додека извршната власт уверува дека државната каса останала недопрена, опозициските партии СДСМ и Левица отворија дебата околу легитимноста и транспарентноста на целиот процес на распределба на парите. Пресметките што ги презентираше владината портпаролка Марија Митева на денешната прес конференција во Клубот на пратеници покажуваат дека вкупниот буџет за 35-годишната прослава изнесуваат точно 5.530.000 евра (или околу 340 милиони денари).

Како главен извор на средства со 300 милиони денари се јавува Државна лотарија на Македонија, која ги отстапила парите од својата нераспределена добивка за 2024 година, додека преостанатите 40 милиони денари биле обезбедени како донации од приватни компании.

Оперативната реализација на настаните и припаднала на фирмата „Стардаст ДООЕЛ“, која на пазарот дејствува преку брендот „Авалон Интернешнл Букинг“, во сопственост на Бобан Милошески.

Легалната заднина на парите и институционалните тврдења

На заедничкиот настап пред медиумите на 10 септември 2026 година, директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, и портпаролката Митева ја образложија правната основа, категорично тврдејќи дека не станува збор за трошење буџетски пари.

„За реализацијата на настаните за прославата на 35 години независност на државата не се потрошени буџетски средста, трошокот за овие настани не ги чини граѓаните и ова е лесно проверлива информација“, рече Митева.

Марија Митева, портпаролка на Владата

Според нивното толкување, Лотаријата функционира како засебен правен ентитет, каде Владата има улога на акционер, а не на директен менаџер на буџетот. Парите биле доделени преку Законот за спонзорства и донации, со што се заобиколил Законот за јавни набавки.

Директорот на Државната лотарија, Александар Климовски дополнително појасни дека, иако немале законска обврска, тие формирале комисија и распишале јавен повик на 4 мај со цел поголема отвореност. На повикот се пријавил само еден понудувач – „Стардаст ДООЕЛ“ – по што бил потпишан договор за реализација согласно одлуката од 167. владина седница.

„Државна лотарија е посебен правен субјект. Владата е основач и таа е Собрание на акционери или единствен акционер и еден од врховните органи. Компанијата има двостепен систем на управување, со надзорен и управен одбор. Станува збор за средства од 300 милиони денари кои беа компаниски пари, нераспределена добивка. Компанијата е издвоена од Владата. Сè додека се во компанијата, тие се корпоративни пари“, рече Климовски.

Претставниците на власта го бранеа проектот како исклучително успешен, потенцирајќи дека дури 95% од програмата била наменета за промоција на домашната уметничка и театарска сцена. Сакајќи да направат дистинкција од претходното владеење, Митева ги потсети медиумите на судскиот процес против поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс-директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, за наводна штета од 8,2 милиони евра кои „исчезнале без трага“.

Партиски обвинувања за корупција

Од друга страна, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, упати жестоки критики, карактеризирајќи ја финансиската шема како манипулација со парите на граѓаните. Мојсоска се повика на истражување на медиумот ПорталИкс, според кое Државна лотарија уште во февруари исплатила над 1,8 милиони денари на истата фирма „Стардас ДООЕЛ“ основана од Миа Милошеска – само два месеци пред компанијата да победи како единствен кандидат на јавниот повик.

Опозициската партија побара итни одговори за критериумите по кои Лотаријата ги дели парите, повлекувајќи паралели со минати скандали со инфлуенсери и здруженија, и инсистира на целосен увид во договорот за Дејвид Гета и трошоците за целиот празничен караван.

На истражувањето на ПорталХ се осврна и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Само неколку месеци претходно таа иста компанија добила пари од Државна лотарија за други активности, но никој не знае за кои и какви. Па може ли некој да каже дека нема сомнеж во оваа работа“,

Според Филипче, спорна е и постапката преку која бил избран организаторот на настанот. Тој тврди дека „Лотарија“ распишала јавен повик, а не класична тендерска постапка. На ваков начин, смета, можно е да имало прекршување на Законот за спонзорства. Праша зошто во постапката биле поканети само домашни компании, а не и странски, како и врз основа на кои критериуми била избрана компанијата што го организирала настанот.

Дополнително, рече Филипче, спорна е евалуацијата на целата постапка која била направена од комисија составена од надворешни членови. Според лидерот на СДСМ, не се знае кои се луѓето што ја сочинувале таа комисија, ниту врз основа на кои критериуми е доделена обаа набавка на компанијата што го организирала настанот.

Организирањето на прославата на 35 години од незавиноста на државата која чини над пет милиони евра ја нарече „голема проневера на пари“.

„Прво лагата на премиерот, што веќе не е чудо, секој ден се разобличува по една негова лага, парктично арамискиот концепт на владеење на оваа власт, а тоа е како што изјави дека за оваа прослава не бил потрошен ниту денар народни пари. И веднаш потоа поради тоа што не можат да се кријат лагите премногу долго време, можете да лажете за да дојдете на власт, можете на почетокот на мандатот да лажете за да останете на власт, меѓутоа тоа не можете да го правите вечно поради тоа што граѓаните се свесни и не се наивни и трпат од лошите политики на оваа власт, одлуката на Владата излезе на виделина“, изјави Филипче.

Tags: 35 години незаависностАвалонДејвид ГетаДржавна лотаријапрослава
SummarizeShare235

Related Stories

Нови правила за лобирањето: Забрана за подароци и по престанокот на функцијата

Нови правила за лобирањето: Забрана за подароци и по престанокот на функцијата

by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
0

Се подготвуваат нови правила за лобирањето во земјава со кои треба да се зајакнат транспарентноста, контролата и спречувањето на судирот на интереси. Предлог-законот за изменување и дополнување на...

Села: Албанската лига се подготвува сама да излезе на следните избори

Села: Албанската лига се подготвува сама да излезе на следните избори

by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
0

Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села, најави дека партијата се подготвува самостојно да настапи на следните избори, без коалиција со други политички субјекти. Тој вели дека досегашното искуство...

Откажани блокадите на границите кон ЕУ поради нови ветувања за возачите

Откажани блокадите на границите кон ЕУ поради нови ветувања за возачите

by ДЕСК коректив.мк
September 14, 2026
0

Најавениот целосен прекин на товарниот сообраќај и блокада на граничните премини кон Европската Унија од страна на превозниците од Западен Балкан засега нема да се реализира. Транспортните здруженија...

Македонија одбележува 35 години независност – политички пораки за единство и стабилност

Африм Гаши ја отфрлa можноста за предвремени парламентарни избори

by ДЕСК коректив.мк
September 14, 2026
0

Предвремени парламентарни избори засега не се дел од политичките планови, барем според проценката на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој на редовниот брифинг со новинарите порача дека не...

Next Post
ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

September 10, 2026
35 години македонски спорт: Од рачно испишаното „Македонија“ до европските и светските спортски сцени

35 години македонски спорт: Од рачно испишаното „Македонија“ до европските и светските спортски сцени

September 8, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

September 8, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.