Канцеларијата за управување со имот на Ватикан објави дека оперативната добивка во 2025 година е намалена за повеќе од 60 проценти, но вредноста на вкупната актива се зголемила благодарение на златото, недвижностите и инвестициите, пренесува „Ватикан њуз“.
Канцеларијата за управување со имот на Ватикан соопшти дека нејзината оперативна добивка се намалила за повеќе од 60 проценти во 2025 година, но вредноста на нејзината вкупна актива се зголемила благодарение на златото, недвижностите и инвестициите.
Оперативната добивка на Ватикан минатата година изнесувала 22,8 милиони евра, што е остар пад од 62,2 милиони во 2024 година, но нето вредноста на неговата актива се зголемила за 89 милиони евра, на 2,686 милијарди евра.
Претседателот на канцеларијата за имот на Светата столица, надбискупот Џордано Пичиноти, рече дека нивната цел не е да генерираат годишен профит, туку да го зачуваат и зајакнат наследството што им е доверено.
Инвестициите не се стремат кон шпекулативни цели и никогаш не се изложени на високо ниво на ризик. Стратегијата за 2025 година е водена со најголема претпазливост, со ограничена изложеност на акции од околу 17 проценти, алокација на обврзници од 32 проценти, алокација на злато од 29 проценти и соодветни резерви на ликвидност, рече Пинчиноти.
Според него, најважниот податок за изминатата финансиска година е дека нето-имотот се зголемил на 2,686 милијарди евра, што е за околу 89 милиони повеќе отколку во 2024 година.
Ватикан управува со 4.281 имот во Италија, со околу 1.200 повеќе во Лондон, Париз, Женева и Лозана.
Минатата година, поради зголемувањето на цената на златото, нето-богатството на Ватикан се зголемило за 40,8 милиони евра, зголемувањето на вредноста на недвижностите придонесе за 39,2, а хартиите од вредност придонесоа за 16,3 милиони евра.
Најголем извор на приход е сè уште недвижниот имот, кој донесе 44,5 милиони евра минатата година, 9,4 милиони повеќе отколку во 2024 година.










