Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски соопшти дека поднел оставка од функцијата од лични причини. Информацијата ја соопшти на неговиот Фејсбук-профил.
„Денеска ја поднесов мојата оставка од функцијата заменик-министер за здравство, од лични причини“, напиша Андоновски.
Во објавата тој изрази благодарност за укажаната доверба и можноста да биде дел од Владата и да придонесува во унапредувањето на здравствениот систем.
„За мене беше чест, но и голема одговорност да ја извршувам оваа функција“, наведува Андоновски.
Оставката била доставена до премиерот Христијан Мицкоски на 9 октомври, а документот е депониран и во Собранието.









