AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Трамп и технолошките гиганти договорија нови правила за безбедност на вештачката интелигенција

Трамп и технолошките гиганти договорија нови правила за безбедност на вештачката интелигенција

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 30, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Американскиот претседател Доналд Трамп и раководители на некои од најголемите технолошки компании потпишаа доброволен договор со кој компаниите се обврзуваат на дополнителни механизми за контрола и надзор над развојот на вештачката интелигенција.

Договорот беше потпишан по средбата во Белата куќа, на која присуствуваа претставници на компании како „Google“, „Anthropic“, „Meta“, „OpenAI“, „Nvidia“ и „xAI“, како и други големи технолошки компании.

Според договорот, компаниите треба да воспостават сопствени системи за следење на можностите и безбедноста на нивните модели на вештачка интелигенција, како за време на нивната обука, така и при нивното користење.

Особено внимание треба да се посвети на ризиците поврзани со сајбер-безбедноста, биолошките и хемиските закани, како и на можноста системите да пристапуваат до технички системи на несакан начин.

Предвидено е компаниите да соработуваат и со независни надворешни ревизори, кои ќе проверуваат дали воспоставените механизми за контрола и следење функционираат како што е предвидено.

Дополнително, секоја компанија треба да има независен комитет во својот одбор на директори, кој ќе ги следи извештаите од внатрешните тимови и надворешните ревизори.

Договорот не е законско обврзувачки

Трамп договорот го опиша како морална обврска, но тој засега нема сила на закон и не предвидува директни санкции доколку некоја компанија не ги исполни преземените обврски.

Во документот, сепак, се остава можност во иднина дел од овие мерки да бидат преточени во закони или регулативи.

Компаниите исто така се очекува редовно да се состануваат и да работат на воспоставување заеднички стандарди и најдобри практики за зголемување на безбедноста на системите со вештачка интелигенција.

Договорот доаѓа во период на зголемена јавна загриженост околу брзиот развој на вештачката интелигенција и потенцијалните ризици од нејзината употреба. Во исто време, американската администрација настојува да го задржи брзиот развој на оваа технологија и лидерската позиција на САД во однос на Кина.

Трамп претходно порача дека не сака развојот на вештачката интелигенција да биде ограничен со прекумерни регулативи, но истовремено поддржа поголема одговорност на технолошките компании преку сопствени механизми за контрола.

Tags: AIвештачка интелигенцијаВИрегулативаТрамп
SummarizeShare234

Related Stories

Норвешка ги проверува списоците на членови на верските заедници и здруженија

Норвешка ги проверува списоците на членови на верските заедници и здруженија

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Норвешка ќе испрати електронски пораки или текстуални пораки до милиони свои граѓани за да провери дали се членови на верски заедници, по низа случаи во кои одредени верски...

Маск најави подарок од речиси 18 милијарди долари: Секое дете во САД ќе добие по две акции на „Спејс Икс“

Маск најави подарок од речиси 18 милијарди долари: Секое дете во САД ќе добие по две акции на „Спејс Икс“

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека секое дете во САД ќе добие по две акции од неговата компанија „Спејс Икс“ - една што ќе ја донира компанијата и...

Србија го започнува изборниот процес за нов претседател, гласањето најдоцна до 27 декември

Србија го започнува изборниот процес за нов претседател, гласањето најдоцна до 27 декември

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Претседателот на српското Собрание и вршител на должноста претседател на државата, Александар Чупиќ, денеска напладне ќе ја потпише одлуката за распишување претседателски избори во Србија. Одлуката ќе биде...

Уапсен сопственикот на „Информер“: Драган Вучиќевиќ осомничен за предизвикување паника и попречување на правдата

Уапсен сопственикот на „Информер“: Драган Вучиќевиќ осомничен за предизвикување паника и попречување на правдата

by ДЕСК коректив.мк
November 25, 2026
0

Сопственикот и главен уредник на српскиот медиум „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска е уапсен по налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград. Според информациите објавени во српските...

Next Post
ЕУ ја потврди европската перспектива на Западен Балкан, но бара реформи и решавање на билатералните спорови

ЕУ ја потврди европската перспектива на Западен Балкан, но бара реформи и решавање на билатералните спорови

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.