AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Скопје и Софија остануваат на спротивставени позиции, недовербата ја отежнува европската интеграција

Скопје и Софија остануваат на спротивставени позиции, недовербата ја отежнува европската интеграција

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 9, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Средбата меѓу министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова во Софија, заврши без договор за суштинските прашања поврзани со европската интеграција на Македонија. Двете страни оценија дека разговорите биле конструктивни и се одвивале во позитивна атмосфера, но разликите во ставовите остануваат значителни.

Муцунски по средбата изјави дека не е решено ниту едно суштинско прашање, но дека е постигната согласност дијалогот да продолжи во наредниот период. Тој нагласи дека меѓу двете земји постои високо ниво на недоверба, особено во однос на предвидливоста на процесот на пристапување кон Европската Унија.

„Денешната средба беше конструктивна и, според мене, се одвиваше во позитивен дух. Морам, сепак, да бидам целосно отворен и јасен – не решивме ниту едно суштинско прашање. Позициите сè уште ни се многу оддалечени“, порача Муцунски.

Тој посочи дека недовербата од македонска страна произлегува и од досегашното искуство во преговорите, во кои, како што рече, по исполнувањето на едно билатерално барање се појавувало ново. Според него, потребно е да се обезбеди предвидливост на процесот и да се спречи билатералните прашања да станат пречка во текот на европската интеграција.

Муцунски повтори дека прашањата поврзани со македонскиот јазик, идентитет, историја и култура не треба да го оптоваруваат европскиот пат на земјата. Тој нагласи дека дијалогот е неопходен за да се дојде до решение, но дека самото одржување разговори не гарантира надминување на разликите.

Една од темите на средбата бил и Акцискиот план за малцинствата. Двајцата министри се согласиле разговорите за ова прашање да продолжат во наредниот период, заедно со дијалогот за другите отворени теми од билатералните односи.

Бугарската министерка Петрова-Чамова по средбата порача дека Софија ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија, но дека очекува исполнување на обврските утврдени со европскиот компромис од 2022 година. Меѓу нив се и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав.

Според неа, условите за напредок на Македонија кон ЕУ остануваат исти и нема нови барања надвор од договорената рамка. Таа нагласи дека исполнувањето на преземените обврски е клучно за продолжување на пристапниот процес.

„Најдобрата гаранција за Северна Македонија е исполнувањето на обврските од 2022 година“, порача Петрова-Чамова, посочувајќи дека европскиот процес се заснова на утврдени правила и критериуми и дека ниту една земја членка не може однапред да гарантира каков било следен чекор.

Средбата во Софија се одржа на маргините на меѓународната министерска конференција за Коридорот 8, по иницијатива на македонската страна и во контекст на напорите за обновување на политичкиот дијалог. Претходно, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му укажала на премиерот Христијан Мицкоски дека е потребно да се разговара со бугарската страна за да се отвори можност за напредок во евроинтеграциите.

Во Софија Муцунски се сретна и со еврокомесарката за проширување Марта Кос. На разговорите биле опфатени билатералните односи со Бугарија, реформската агенда и можностите Европската Унија да придонесе за надминување на застојот во процесот на пристапување.

Бугарските медиуми ја истакнаа пораката на Петрова-Чамова дека Софија нема да отстапи од договорените услови од 2022 година, додека изјавите на Муцунски ги пренесоа како потврда дека двете страни и натаму имаат суштински разлики, и покрај договорот за продолжување на дијалогот.

Tags: билатерален спорбугаријадијалогЕУидентитетјазикКоридор 8МакедонијаМарта КосМуцунскиПетрова-ЧамовапроширувањеСкопјеСофијаУставуставни измени
SummarizeShare234

Related Stories

Запленети два тони небезбедна храна на пазарот во Ченто, поради нехигиенски услови

Запленети два тони небезбедна храна на пазарот во Ченто, поради нехигиенски услови

by ДЕСК коректив.мк
October 14, 2026
0

На зелениот пазар во скопската населба Ченто се запленети околу два тони небезбедна храна, поради нехигиенски услови и продажба надвор од местата предвидени за таа намена, соопшти Агенцијата...

Герасимовски го стопира ДУП-от за Барутана додека не се утврди безбедноста на теренот

Герасимовски го стопира ДУП-от за Барутана додека не се утврди безбедноста на теренот

by ДЕСК коректив.мк
October 14, 2026
0

Нацрт-деталниот урбанистички план за локалитетот Барутана на падините на Водно нема да биде ставен на дневен ред на Советот на Општина Центар сè додека не се најде законско...

Со факели, огномет и чадни бомби, Артан Груби пречекан во Чаир по излегувањето од куќен притвор

Со факели, огномет и чадни бомби, Артан Груби пречекан во Чаир по излегувањето од куќен притвор

by ДЕСК коректив.мк
October 14, 2026
0

Десетици граѓани и поддржувачи синоќа го пречекаа поранешниот прв вицепремиер Артан Груби во скопски Чаир, откако тој излезе од куќен притвор. Пречекот беше проследен со запалени факели, чадни...

Зајакнување на истражниот центар, финансиски истраги и борба против корупцијата – приоритети на петтемина кандидати за шеф на ОЈО ГОКК

Зајакнување на истражниот центар, финансиски истраги и борба против корупцијата – приоритети на петтемина кандидати за шеф на ОЈО ГОКК

by ДЕСК коректив.мк
October 13, 2026
0

Зајакнување на истражниот центар, повеќе финансиски истраги, поефикасно гонење на високата корупција и перењето пари, како и недостигот на кадар, беа меѓу главните теми во програмите на петтемина...

Next Post
Со факели, огномет и чадни бомби, Артан Груби пречекан во Чаир по излегувањето од куќен притвор

Со факели, огномет и чадни бомби, Артан Груби пречекан во Чаир по излегувањето од куќен притвор

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.