AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Сиљановска-Давкова: Го предложив Славески за гувернер, но немам надлежност да ги контролирам неговите одлуки

Сиљановска-Давкова: Го предложив Славески за гувернер, но немам надлежност да ги контролирам неговите одлуки

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 25, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на собраниската надзорна расправа за случајот со Алта банка изјави дека таа го предложила Трајко Славески за гувернер на Народната банка, но дека тоа не ѝ дава право да влијае врз неговите одлуки или да ја контролира работата на централната банка.

„Правото да предложам гувернер не подразбира право да го контролирам“, порача Сиљановска-Давкова, објаснувајќи дека нејзината улога била да предложи кандидат, додека изборот го врши Собранието, а гувернерот самостојно ја извршува функцијата.

Таа потврди дека Славески бил нејзин личен и професионален избор, при што при номинацијата се водела од неговата стручност, компетентност и професионален интегритет. Предлогот за негово именување го доставила до Собранието во мај 2025 година.

На расправата пратеничката на СДСМ, Јована Мирчевска, ја праша претседателката дали врз неа имало политички притисок при изборот на Славески, алудирајќи на неговите контакти со премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со Алта банка.

Случајот предизвика дополнителни политички реакции откако СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот, барајќи политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ било одобрено преземањето на тогашната Стопанска банка Битола. Опозицијата поставува прашања за проверките на инвеститорот, потеклото на капиталот и процената на ризиците пред да биде дадена согласноста.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат обвинувањата и возвраќаат дека и претходната власт имала улога во процесот на продажба на акциите. Од партијата тврдат дека СДСМ сега се обидува политички да го искористи случајот.

Надзорната расправа во Собранието продолжува со цел да се разјаснат околностите за воведувањето администрација во Алта банка, постапувањето на Народната банка и одговорноста на институциите. Во меѓувреме, се подготвува продажба на 95,336 проценти од акциите на банката, а првата аукција е закажана за 30 ноември.

Tags: Алта банкаГордана Сиљановска Давковагувернернадзорна расправаНародна банкасобраниска комисијаТрајко Славески
SummarizeShare234

Related Stories

Вештачката интелигенција ќе помага во контролата на јавните набавки, нема да се избира само најевтината понуда

Забрана за одобрување нови кредити за две финансиски друштва по контроли на Министерството за финансии

by ДЕСК коректив.мк
November 25, 2026
0

Две финансиски друштва во наредните 30 дена нема да смеат да одобруваат нови кредити, откако Министерството за финансии утврдило неправилности во нивното работење. Покрај привремената забрана, на друштвата...

По две и пол години реакции, Владата ги задолжи институциите да го решаваат проблемот со кравите во Крива Паланка

По две и пол години реакции, Владата ги задолжи институциите да го решаваат проблемот со кравите во Крива Паланка

by ДЕСК коректив.мк
November 25, 2026
0

По долгогодишните барања и протестите на жителите на Крива Паланка, Владата донесе одлука со која ги задолжи надлежните институции да преземат конкретни активности за справување со неконтролираното движење...

„Ниту една повеќе“ денеска на протест во Скопје: Се бара одговорност за седумте случаи на фемицид

„Ниту една повеќе“ денеска на протест во Скопје: Се бара одговорност за седумте случаи на фемицид

by ДЕСК коректив.мк
November 25, 2026
0

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ денеска, на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, организира протестен марш во Скопје, со почеток во 17 часот во паркот „Жена...

ВЛЕН до Ахмети: Три закони за албанскиот јазик донесовте, но проблемот не го решивте

ВЛЕН до Ахмети: Три закони за албанскиот јазик донесовте, но проблемот не го решивте

by ДЕСК коректив.мк
November 25, 2026
0

Коалицијата ВЛЕН му возврати на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по неговото отворено писмо до министерот за правда Јетон Шасивари, во кое побара правосудниот испит и другите државни...

Next Post
Вештачката интелигенција ќе помага во контролата на јавните набавки, нема да се избира само најевтината понуда

Забрана за одобрување нови кредити за две финансиски друштва по контроли на Министерството за финансии

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се огласи сопругата на Вучиќ: Завршува едно поглавје во мојот живот

Се огласи сопругата на Вучиќ: Завршува едно поглавје во мојот живот

October 27, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.