AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
По 30 години средно полициско училиште во Македонија – Учебната година почна за 310 ученици

По 30 години средно полициско училиште во Македонија – Учебната година почна за 310 ученици

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 1, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

По 30 години пауза, средното полициско училиште повторно станува реалност во Македонија – 310 ученици денеска за првпат седнаа во клупа во средното полициско училиште ,,7 мај”.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека овој ден претставува историски чекор за реформата и модернизацијата на полициските служби во државата.

,,1 септември 2026 година, конечно, по 30 години од последниот упис во рамките на Средното полициско училиште во Македонија, имаме нова генерација идни полициски службеници, кои ќе имаат своја професија – полициски службеник во Македонија со завршено средно полициско училиште за две години од сега “, изјави Тошковски.

Тој упати искрени честитки до сите новозапишани ученици што ја избраа, како што посочи, оваа одговорна и чесна професија.

,,Нека им е честито на сите дечиња што се запишаа во рамките на Средното полициско училиште. Сигурен сум дека за две години од сега, со посветена и макотрпна работа, со трудот што ќе биде даден и од страна на професорите, и од страна на менторите, и од страна на сите оние едукатори коишто ќе бидат вклучени во процесот, а најмногу од страна на учениците, ќе можеме да се гордееме со нова бројка на полициски службеници коишто имаат завршено Средно полициско училиште”, нагласи министерот.

Тошковски упати благодарност до сите институции и тимови кои работеа на реализација на овој проект изминатите две години.

,,Нека ни е со среќа на сите. Огромна благодарност уште еднаш до сите оние коишто макотрпно работеа изминативе две години за денеска да го дочекаме и овој ден, после 30 години во Македонија повторно да имаме државно Средно полициско училиште”,  рече Тошковски.

Во однос на капацитетите, тој појасни дека првичниот план предвидувал прием на 200 кандидати, но поради огромниот интерес и потребите од реформи, бројката е зголемена.

Од ресорното министерство истакнаа и дека над 40 ученици од вкупната бројка на запишани се од останатите етнички заедници во земјава, а појаснија и дека се надеваат оти интересот за упис ќе порасне во наредните години.

Tags: АктуелноМакедонијаполициска академијаТошковски
SummarizeShare234

Related Stories

Скопје блесна во ритамот на Гета: „The Monolith“ го претвори Денот на независноста во музички спектакл

Антикорупциска отвори предмет само за судир на интереси на музичарот Мицевски, не и за спонзорството од Лотарија за прославата

by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
0

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не отворила предмет за целосното финансирање на прославата на 35-години независност на Македонија од страна на Државна лотарија, туку појаснува дека...

Апасиев: Мене ми се закануваа по живот – обвинителството ја отфрли пријавата, а за Мицкоски веднаш притвори

Апасиев: Мене ми се закануваа по живот – обвинителството ја отфрли пријавата, а за Мицкоски веднаш притвори

by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
0

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев реагираше на случајот со 39-годишниот кумановец кој беше осомничен дека преку социјалните мрежи му се заканувал на премиерот Христијан Мицкоски. Апасиев...

Нови правила за лобирањето: Забрана за подароци и по престанокот на функцијата

Нови правила за лобирањето: Забрана за подароци и по престанокот на функцијата

by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
0

Се подготвуваат нови правила за лобирањето во земјава со кои треба да се зајакнат транспарентноста, контролата и спречувањето на судирот на интереси. Предлог-законот за изменување и дополнување на...

Села: Албанската лига се подготвува сама да излезе на следните избори

Села: Албанската лига се подготвува сама да излезе на следните избори

by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
0

Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села, најави дека партијата се подготвува самостојно да настапи на следните избори, без коалиција со други политички субјекти. Тој вели дека досегашното искуство...

Next Post
Скопје блесна во ритамот на Гета: „The Monolith“ го претвори Денот на независноста во музички спектакл

Антикорупциска отвори предмет само за судир на интереси на музичарот Мицевски, не и за спонзорството од Лотарија за прославата

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

September 10, 2026
35 години македонски спорт: Од рачно испишаното „Македонија“ до европските и светските спортски сцени

35 години македонски спорт: Од рачно испишаното „Македонија“ до европските и светските спортски сцени

September 8, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

September 8, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.