AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
ПИСА 2025: Македонските ученици повторно под просекот, најголем пад во математиката

Ревидираното сексуално образование ги изостави поимите „род“ и „контрацепција“, Институтот за родови студии бара корекција

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Изоставувањето на поимот „род“ од новата наставна програма „Здравје и заштита на здравјето“ отвора сериозни прашања за нејзината научна и правна заснованост, реагираат од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Оттаму бараат Министерството за образование и Бирото за развој на образованието да ги вратат термините поврзани со родовата рамноправност пред предметот да почне да се применува во училиштата.

Во реакцијата упатена до Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, Институтот наведува дека ја поздравува новата програма поради содржините за рамноправност, репродуктивно здравје, здрави и безбедни врски, согласност и сексуално насилство. Сепак, забелешката се однесува на тоа што во наставниот документ не се користат термините „род“, „родова рамноправност“, „родови улоги“, „родови стереотипи“ и „родово базирано насилство“.

Според Институтот, проблематично е што од учениците се очекува да ги препознаваат и анализираат стереотипите, предрасудите, нееднаквиот третман и насилството во врските, а истовремено од програмата е изоставен поимот што овозможува овие појави да се разберат во поширок општествен контекст.

„Програмата ја бара од учениците токму онаа аналитичка дистинкција што во науката, во правото и во меѓународните стандарди се именува со дихотомијата пол/род, но одбива да ѝ го даде името“, се наведува во реакцијата.

Оттаму сметаат дека ваквиот пристап може да создаде тешкотии во спроведувањето на наставата, но и да доведе до неусогласеност со терминологијата што се користи во меѓународните документи и домашното законодавство.

Како примери ги посочуваат Истанбулската конвенција и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, како и домашните закони за еднакви можности, спречување и заштита од дискриминација и спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Новата програма „Здравје и заштита на здравјето“ беше донесена по одлуката на Министерството за образование и наука од 9 септември да ја повлече претходната програма за изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средните училишта. Министерката Весна Јаневска тогаш најави детална ревизија на документот, по реакциите што се појавија во јавноста.

Меѓу нив беше и отвореното писмо на епископот Јаков Стобиски, кој ја обвини Јаневска дека со воведувањето на сеопфатното сексуално образование поддржува таканаречена „родова идеологија“. По спроведената ревизија, предметот доби ново име, а од наставната програма беа отстранети поимите „род“ и „контрацепција“.

Од Министерството за образование и наука претходно соопштија дека измените се направени по разгледување на забелешките од јавноста и стручната фела, меѓу кои и оние од Комората на психолози, а не како резултат на притисок од верска заедница.

Институтот за родови студии бара програмата повторно да биде разгледана пред почетокот на нејзината примена во учебната 2026/2027 година. Конкретно, бараат во неа да се вратат термините „род“, „родова рамноправност“, „родови улоги“, „родови стереотипи“ и „родово базирано насилство“, придружени со соодветни дефиниции.

Дополнително, предлагаат да се отвори консултативен процес со академската заедница и стручните институции, во кој би учествувале и нивни претставници. Од Институтот нудат стручна помош при подготовката на дефинициите, прирачникот за наставници, обуките и евалуацијата на првата година од примената на предметот.

Од Институтот нагласуваат дека не се против новата наставна програма, туку бараат таа да биде стручно заснована и усогласена со научните сознанија, домашното законодавство и меѓународните стандарди.

Tags: институт за родови студииконтрацепцијародсексуално образование
SummarizeShare234

Related Stories

Растат цените на горивата – Дизелот од полноќ над 100 денари

Бензините поскапуваат за два, а дизелот за еден денар

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

Бензините од полноќ поскапуваат за два денари, а дизелот за еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со новата одлука, максималната цена на Еуросупер БС-95 ќе...

ЛДП: м.Услуги само за пред камери, циркус ПР

ЛДП за АЛТА банка: Власт дозволи политички поврзан странски капитал да влијае врз македонската економија

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара независна меѓународна експертска проверка на случајот со АЛТА банка, целосен отчет за одлуките со кои бил овозможен влез во македонскиот банкарски сектор и гаранции...

Филипче бара одговорност за случајот „Алта банка“: СДСМ ќе бара надзорна расправа и интерпелација за гувернерот Славески

Филипче бара одговорност за случајот „Алта банка“: СДСМ ќе бара надзорна расправа и интерпелација за гувернерот Славески

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

СДСМ бара собраниска надзорна расправа за работењето на „Алта банка“ АД Битола и најави дека ќе поднесе интерпелација за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, по случувањата поврзани...

Победа на Јахиjи во Брвеница – ВМРО-ДПМНЕ ги обвини ВЛЕН дека биле „тројански коњ“

Победа на Јахиjи во Брвеница – ВМРО-ДПМНЕ ги обвини ВЛЕН дека биле „тројански коњ“

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

Победата на Аркин Јахији во Брвеница предизвика политички реакции и нови несогласувања меѓу партиите, откако ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата, но истовремено ја обвини ДУИ за етнички поделби и...

Next Post
ЛДП: м.Услуги само за пред камери, циркус ПР

ЛДП за АЛТА банка: Власт дозволи политички поврзан странски капитал да влијае врз македонската економија

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.