AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
„Ниту една повеќе“ ги затвори вратите за партиите на протестите: „Феминистичкиот отпор не е политички декор“

„Ниту една повеќе“ ги затвори вратите за партиите на протестите: „Феминистичкиот отпор не е политички декор“

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ упати повик до граѓаните да се приклучат на протестите против фемицидот и насилството врз жените, но истовремено објави дека на своите собири не сака присуство на партиски членови, актуелни и поранешни министри и премиери.

Во објава на социјалните мрежи, иницијативата порачува дека нема да дозволи феминистичкиот отпор да се користи за партиска промоција и политички интереси. Во остро интонираното соопштение, политичарите и партиските структури ги нарекува „партиски хиени“, „политички мршојадци“ и „институционални паразити“.

Реакцијата следува по протестот одржан на 25 ноември во Скопје, на кој беа забележани и актуелни и поранешни политички функционери. Организаторките очигледно сакаат протестното движење да остане независно од партиските структури и да не биде искористено за политичко позиционирање.

Наместо политичарите, ги повикуваат сите граѓани и граѓанки кои се чувствуваат изневерени, обесправени и огорчени од институционалната негрижа и празните ветувања да излезат на улица и да побараат правда и одговорност.

На досегашните протести беа упатени шест барања до институциите, со рок за нивно исполнување до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. Меѓу нив се итни законски измени за заштита од насилство врз жените, утврдување одговорност за институционалните пропусти и обезбедување најмалку 200 милиони денари за специјализирани услуги за заштита на жртвите.

Иницијативата порачува дека борбата против фемицидот и насилството врз жените ќе продолжи, со барање за конкретни институционални мерки, а не само декларативна поддршка.

Tags: ниту една повеќеполитичарипротестифемицид
SummarizeShare234

Related Stories

Личната карта и возачката дозвола од четврток ќе ги имаме и на мобилен телефон

Од следната недела граѓаните ќе можат преку апликација да проверуваат сообраќајни прекршоци

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Граѓаните наскоро ќе можат преку мобилна апликација да проверат дали направиле сообраќаен прекршок, на која локација е регистриран и да ги погледнат доказите врз основа на кои е...

Mozzart донираше современ микроскоп за Клиниката за уво, нос и грло, а на денот на донацијата беа реализирани бесплатни прегледи

Mozzart донираше современ микроскоп за Клиниката за уво, нос и грло, а на денот на донацијата беа реализирани бесплатни прегледи

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Грижата за здравјето и поддршката на здравствените установи остануваат меѓу најважните приоритети на Mozzart. Во таа насока, компанијата донираше современ микроскоп за преглед на уши на Универзитетската клиника...

Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Евроамбасадорот Михалис Рокас не ја исклучува можноста некоја земја членка на Европската Унија да ја блокира Северна Македонија во текот на пристапните преговори, дури и по усвојувањето на...

Внатрешната контрола на ЈСП откри кражба на нафта во гаражите во Ѓорче Петров

Внатрешната контрола на ЈСП откри кражба на нафта во гаражите во Ѓорче Петров

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ синоќа биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Случајот го открила внатрешната контрола на...

Next Post
Mozzart донираше современ микроскоп за Клиниката за уво, нос и грло, а на денот на донацијата беа реализирани бесплатни прегледи

Mozzart донираше современ микроскоп за Клиниката за уво, нос и грло, а на денот на донацијата беа реализирани бесплатни прегледи

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.