Зголемен интензитет на сообраќајот е забележан на патиштата надвор од градските средини и на граничниот премин Богородица, каде се чека околу 45 минути за излез. Возачите се предупредуваат на бројни градежни активности, одрони и изнеменети сообраќајни режими на повеќе патни правци низ земјата.
Според информациите од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е засилен. На граничниот премин Богородица, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 45 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна не се забележани подолги задржувања за влез и излез. Коловозите низ земјата се претежно суви, но се препорачува зголемена претпазливост поради можноста од појава на одрони на одредени делници.









