Граѓани алармираат за наезда од глодари на паркингот во близина на Буњаковец во Скопје. Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, на локацијата се забележуваат голем број глувци, како и угинати стаорци.
Состојбата предизвика реакции кај граѓаните, кои бараат надлежните институции и Општината Центар да преземат мерки за решавање на проблемот.
Присуството на голем број глодари во урбана средина претставува и хигиенски и потенцијален здравствен ризик, особено доколку проблемот е поврзан со несоодветно одржување на просторот или со наталожен отпад.
Граѓаните очекуваат локацијата да биде исчистена и дезинфицирана, како и да се спроведе соодветна дератизација со цел да се спречи понатамошно ширење на глодарите.










