AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Над 5.000 уапсени во протестите во Франција, денеска нови демонстрации низ земјата

Над 5.000 уапсени во протестите во Франција, денеска нови демонстрации низ земјата

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 6, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Во Франција денеска се најавени нови масовни протести на национално ниво, откако бранот демонстрации на средношколци и студенти поради состојбата во образованието продолжи да се шири низ земјата.

Од почетокот на протестите се уапсени повеќе од 5.000 лица, од кои околу 87 проценти се малолетници. Според податоците на француското Министерство за правда, 1.802 лица се соочуваат со кривично гонење, меѓу кои 1.483 малолетници и 319 полнолетни лица.

Протестите започнаа во септември поради недостигот на наставници, пренатрупаните училници, лошата состојба на училишните објекти и недоволните средства за образованието. Од блокади на училишта, движењето постепено се прошири во повеќе градови и на дел од протестите дојде до судири со полицијата.

Во досегашните демонстрации се повредени најмалку 190 ученици, 78 членови на училишниот персонал и повеќе од 600 полицајци. Повредени се пријавени и меѓу другите учесници во протестите.

Особено внимание предизвика инцидентот во Ленс, каде што 15-годишен ученик тешко е повреден при судирите и останал без рака. Надлежните отвориле истрага за околностите под кои дошло до повредата.

Во друг случај, 16-годишен ученик од Тур го загубил видот на десното око, а обвинителството соопшти дека повредата одговара на удар од полициски гумен куршум. И овој случај се истражува.

Од почетокот на протестите оштетени или запалени се повеќе училишта, а регистрирани се и блокади, палење контејнери и други инциденти. Француската влада најави мерки за подобрување на условите во училиштата, но истовремено порача дека нема да прави отстапки во однос на насилството.

Организаторите, пак, ги повикаа граѓаните да им се приклучат на денешните протести, со оценка дека владата не понудила доволно конкретни решенија за барањата на учениците и студентите.

Во протестите се очекува да се вклучат и наставнички синдикати и други организации. Демонстрации се најавени во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Лион, Марсеј, Тулуз и Бордо.

Властите се подготвуваат за нови судири, особено поради зголемената тензија меѓу демонстрантите и полицијата. Во меѓувреме, организациите за човекови права повикаа на смирување на состојбата и на почитување на правото на мирно протестирање.

Tags: демонстрантиинцидентобраованиеполицијапротестиученициучилиштаФранција
SummarizeShare234

Related Stories

Еди Рама нема намера да поднесе оставка и покрај студентските протести

Еди Рама нема намера да поднесе оставка и покрај студентските протести

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека нема да поднесе оставка и покрај студентските протести што трет ден по ред се одржуваат во Тирана. Полицијата употреби водени топови за...

Трамп ја разгледува опцијата за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран

Трамп ја разгледува опцијата за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Американската војска подготвила нови планови за можни напади врз Иран, кои ја вклучуваат и употребата на најголемата конвенционална бомба во американскиот арсенал, позната како „мајката на сите бомби“....

Се запали танкер со нафта и хемикалии во романските води на Црното Море, осум лица се водат како исчезнати

Се запали танкер со нафта и хемикалии во романските води на Црното Море, осум лица се водат како исчезнати

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Танкерот „Јара Џеј“, кој превезува нафтени деривати и хемикалии, се запали во романските територијални води на Црното Море. Романските власти соопштија дека екипажот бил евакуиран, додека околностите под...

Турската полиција изврши рација во седиштето на опозициска телевизија и го прекина емитувањето во живо

Турската полиција изврши рација во седиштето на опозициска телевизија и го прекина емитувањето во живо

by ДЕСК коректив.мк
October 14, 2026
0

Турската полиција утрово изврши рација во седиштето на опозициската телевизија Халк ТВ во Истанбул и го прекина емитувањето во живо. На вработените им беше забранет влез во зградата,...

Next Post
Од март 2027 година директни летови меѓу Скопје и Дубаи трипати неделно

Од март 2027 година директни летови меѓу Скопје и Дубаи трипати неделно

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.